14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаДипломатска катастрофа- Оџа за амбасадор во Кина. За амбасадор во Катар-обвинет за...

Дипломатска катастрофа- Оџа за амбасадор во Кина. За амбасадор во Катар-обвинет за лажни пасоши и визи, за амбасадори во Стразбург и Њујорк со двојни државјанства и пасоши

Веднаш по објавувањето на последната листа на амбасадори кои Македонија планира да ги испрати по испразнетите дипломатско-конзуларни претставништва, за дел од нив се објавија детали од нивните биографии не баш соодветни за еден дипломат. Министерот за надворешни работи Никола Димитров тогаш соопшти дека се работи за професионалци, дипломати од кариера и дека оваа власт го прифаќа принципот на професионалци, а не на партиски претставници

Сепак, објавувањето на информации за недоследностите во изборот на овие кандидати не престанаа.

Најпрво МКД.мк објави детали од биографијата на Шабан Јашари, кандидатот за амбасадор во Катар. Тој пред неколку години како конзуларец во истата амбасада бил фатен како ја злоупотребува службената положба при издавањето за визи. За тоа била покрената и дисциплинска постапка против него во МНР, а пријава била поднесена и од МВР. Овие податоци кои МНР мора да ги има во досието за нивниот вработен Јашари, за Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски не претставуваа никаков проблем во однос на привршување на процедурата за испраќање на новото, повисоко работно место на овој дипломат.

Денеска ТВ Канал 5 објави информации за четворица кандидати за амбасадори кои се со двојно државјанство, што е спротивно на Законот за надворешни работи. Неофицијално, кандидатот за амбасадор во Израел, Мишо Докмановиќ, имал и хрватски пасош. Таков пасош неофицијално имал и Емил Кирјас, новиот предлог раководител на Мисијата во Њујорк. Светлана Гелева, кандидатот за амбасадор во Стразбур имала и пасош на Црна Гора, а двојно државјанство имал и Агрон Буџаку, кој треба да ја предводи амбасадата во Канада.

Претседателот Пендаровски најави дека нема да дозволи испраќање во странство на амбасадори кои поседуваат двојно државјанство и побарал проверка на сите предлози за амбасадори.

ТВ Телма објави дека за амбасадор на Македонија во Кина кандидат е оџата Џемаил Чупи, поранешен кандидат за градоначелник на Дебар од Беса. Во биографијата на Чупи е наведено дека студирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, дека е доктор по политички науки и оти предава на Универзитетот за бизнис и технологија во Приштина. Од Чупи на Јутјуб можат да се најдат снимки од 2014 на кои се гледа како Чупи држи проповеди во Германија. Тој инаку бил дел од медреста Иса Беј во Кондово.

Од партијата на Чупи, Алтернатива за Албанците, велат дека тој е специјализиран во областа на дипломатијата со научно звање магистар на дипломатија, но и оти тековно работел на истражување во областа на меѓународните односи.

Според Законот за надворешни работи амбасадори можат да бидат именувани и од редот на истакнати личности од областа на надворешната политика, меѓународните односи, меѓународното право, науката и културата. Но, законот не дозволува за амбасадори да бидат номинирани дипломати со двојно државјанство.

Од МНР информираат дека документите ги приложува кандидатот, дека кандидатот доставува изјава заверена на нотар дека не е државјанин на друга држава и потврда за неосудуваност. Министерството не врши друг тип на проверки на овие факти.

Од МНР додаваат дека никој нема да биде испратен за амбасадор ако не ги исполни формално-правните услови предвидени за оваа функција.

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...