3 C
Ohrid
понеделник, ноември 30, 2020
Почетна Свет АЛБАНЕЦ ОД АЛБАНИЈА: ДА ЖИВЕЕШ ВО МАКЕДОНИЈА И ДА СЕ БОРИШ ПРОТИВ...

АЛБАНЕЦ ОД АЛБАНИЈА: ДА ЖИВЕЕШ ВО МАКЕДОНИЈА И ДА СЕ БОРИШ ПРОТИВ НЕА Е ГОЛЕМ КУЛТУРЕН НЕДОСТАТОК

Translate (Eng):[gtranslate]

Јас го гледам проблемот од далеку, од овде. Моето мислење од секогаш е дека Македонија е единствена држава на Балканот каде што има внатрешно неприфаќање, што значи дека овие Албанци што седат спроти мене тврдат дека не се државјани на Македонија.

Тие секогаш ја негираа државата, војуваа против неа, велат дека вака сме ние, онака се тие, така што има една контрадикторност меѓу државата и овде присутните рече Макс Вело во легендарната емисија на една Албанска телевизија каде што беше гостин и Мендух Тачи

Сето ова не можам да го разберам и да го прифатам. Овие луѓе се дел од Македонија и не може да се дигнат против сопствената држава, мислеше Макс притоа на Тачи и албанските партии од Македонија

РЕКЛАМА

 

Макс Вело е роден во Париз на 31 август 1935 година. По неговото раѓање, семејството Вело се врати во Албанија, во градот Корча, каде што Макс го помина детството. Местото на потеклото на родителите било Круша. По завршувањето на средното училиште, тој ги продолжува студиите на Политехничкиот институт од областа на градежништвото. Подоцна специјализирал архитектура и во 1960 година учествувал во првиот дизајн што е направен во Тирана.

 

Тој работел понатаму во Бирото за дизајн во Тирана. Потоа, ’78 -’79 се совпаѓа со најтешкиот период од неговиот живот, бидејќи во ова време тој е уапсен и осуден на десет години затвор.

Нели е така? Вие направивте војна во средината на Европа и се дигнавте со оружје против сопствената држава. Во заседи беа убиени македонски полицајци.

 

На ова Мендух Тачи возвраќа дека ниту еден македонски полицаец не е убиен.

Проблемот е во тоа што двете албански партии се” јадат” една со друга. На телевизија во време на избори гледаме како се обвинуваат еден со друг а велат дека Македонците се виновни што се “јадат” меѓусебно. Овие работи некако не ми влегуваат во мозок. Она што е за мене потешко е екстремниот исламизам кај нив.

Тие џамии по селата во Македонија ми изгледаат како ирански ракети. Во тоа е целиот проблем.

Има некои политичари во Македонија на кои им е забранет влез во САД и можам да ги набројам, на што Тачи додава: Јас сум.

Да ти си, и тука е проблемот како што ми изгледа мене и после овој проблем доаѓа друг.

Моето мислење господине Тачи е тоа дека, ако вие не можете да се искачите на повисоко културно ниво, во социјалниот живот, да не правите дискриминација на жените, да изградите граѓанско општество, нема да можете да им се спротиставите на Македонците.

Ако ние не станеме Албанци со европски цели нема да можеме да се спротиставиме на Македонците. Ние требада бидеме на повисоко ниво од нив. Ако ние жените ги држиме со шамии и заробени дома ,ние никогаш нема да можеме да им се спротивставиме на Македонците.

Вториот соговорник директно го обвини Тачи дека се бори за Голема Албанија.

Јас мислам дека овде сакајќи или несакајќи произлегуваат две визии за Албанците на Балканот. И двете имаат право да опстојуваат бидејќи денеска тоа го овозможува плурализмот.

Едната визија е голема Албанија и лицата наспроти нас ја имаат таа визија за голема Албанија мислејќи на Тачи

На ова Тачи возвраќа дека не е вистина, и да не му ставаат етикета .

Имаат визија дека Албанија треба да ги храни и не само тоа истото што го прави Србија за Србите во Косово. Нивно право е да го бараат тоа. Но тие националистички партии требапрецизно да се изјаснат.

Албанија има други и поважни проблеми, така мислам јас. Без разлика што тие се политичари, сепак ние сме интелектуалци.

Овие користат два јазика, едниот е националистички за голема Албанија, но треба да се прави како што планира Европа и тоа е дека Косово ќе биде држава со шест ѕвезди, Македонија нема да се подели. Европа не вели дека Македонија ќе се подели и тука се раѓа спротивставеност.

Дали ќе извлечеме една поука дека поделбата никаде не не води туку не води во војна и незадоволство, затоа е добро вие да се идентификувате како Македонец.

Тачи на ова возвраќа дека би бил задоволен ако се идентификува како европски граѓанин.

Да живееш во Југославија а потоа во Македонија и да велиш дека не можеш да се идентификуваш како државата во која живееш јас би рекол дека е голем културен недостаток. Кога зборуваме за соработка помеѓу Албанците и ние нормално имаме потреба како Албанци за таа соработка со Албанците од Косово и Македонија.

Нашата соработка помеѓу нас, српските и македонските научници е многу сиромашна. Јас тоа би го нарекол пораз. Визијата за Балканот мора да биде Европска визија бидејќи овие националистички тези со секоја поставена граница се повеќе не осиромашува. Јас мислам дека треба да ја смениме целокупната визија затоа што зборуваме за Европа а тоае широк поимзошто во Европа нема да влеземе само како Албанци туку во Европа ќе одиме со Србија, Грција, Македонија.

 

- Реклами -