Оперскиот пејач Игор Дурловски реагира за отфрлањето од Зоран Заев на предлогот од опозицијата за министер за внатрешни работи во техничката влада да биде воено лице, бидејќи за премиерот во заминување тоа не било според Уставот.
<
„Во согласност со Уставот беше изборот на претседател на Собрание со 59 гласа,
во согласност со Уставот беше Законот за јазици со европско знаменце,
во согласност со Уставот беше уцената на пратеници со долгогодишни затворски казни,
во согласност со Уставот беше промената на името по неуспешен референдум.
Во согласност со Уставот ни го зедовте најсветото“, коментира на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.