27.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаШто вели традицијата - лепче со паричка за Бадник или Василица?

Што вели традицијата – лепче со паричка за Бадник или Василица?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тра­ди­ци­о­нал­но, во Ма­ке­до­ни­ја се­мејс­тво­то се со­би­ра на ве­че­ра на Бад­ник. Се под­го­тву­ва бо­га­та тр­пе­за иск­лу­чи­тел­но со пос­на хра­на: пи­ту­ли­ци, сар­ма, грав, ком­пир, ри­ба, зел­ник, овош­је и дру­го, што тре­ба да обез­бе­ди бо­гат род на зем­јо­дел­ски­те кул­ту­ри во след­на­та го­ди­на.

<

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра. Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Во не­кои кра­и­шта од зем­ја­ва, пак, аде­тот со кр­ше­ње­то на леп­че­то со па­рич­ка се пра­ви на Ва­си­ли­ца.

Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма. Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај.

– Единс­тве­но оправ­да­но пре­да­ние што цр­ква­та го ка­жу­ва се­ко­гаш е де­ка па­рич­ка­та се кр­ши са­мо на Ва­си­ли­ца и тоа е по­вр­за­но со жи­во­то­пи­сот на све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки. Та­му има ед­на случ­ка ко­га тој, ко­га до­а­ѓал ца­рот што са­кал да го раз­ур­не гра­дот, со­би­рал па­ри за да го под­ми­ти, на не­кој на­чин да го оми­ло­сти­ви да не го пра­ви тоа, да не им на­ште­ти на лу­ѓе­то – об­јас­ну­ва Отец Бо­бан од скоп­ска­та епар­хи­ја.

Спо­ред не­го, ца­рот за­ги­нал и не до­шол до гра­дот, по што све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки се ис­пра­вил пред ди­ле­ма­та ка­ко да им го вра­ти бо­гат­ство­то на лу­ѓе­то.

-А не да­вал се­кој исто. Тој на­ре­дил на град­ски­те фур­ни да за­ме­сат ле­бо­ви и да исту­ра­ат па­рич­ки, ка­де кол­ку ќе им дој­де. По Бож­јо чу­до, се слу­чи­ло кој кол­ку дал тол­ку и да му се вра­ти. Ток­му по­ра­ди тоа пре­да­ние ние ја од­бе­ле­жу­ва­ме се­ко­ја Ва­си­ли­ца со ста­ва­ње па­рич­ка во леп­че­то. Ние се се­ќа­ва­ме на чу­до­то што го на­пра­вил Бог пре­ку све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки – ве­ли Оте­цот.

– Ка­ква ка­те­го­ри­ја е сре­ќа­та?! Ме­не ќе ми пад­не па­рич­ка­та и јас ќе имам сре­ќа. Зо­што Бог би изд­во­ил не­ко­го да би­де по­сре­ќен од дру­ги­те за­тоа што ќе му пад­не па­рич­ка?! Јас сме­там де­ка тој оби­чај, кој е по­ве­ќе фолк­ло­рен откол­ку ре­ли­ги­о­зен и вер­ски, тре­ба по­ле­ка да уги­ну­ва за вре­ме на Бад­ник и да се пра­ви за вре­ме на Ва­си­ли­ца – до­да­ва отец Бо­бан.

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...