2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаСо обична супа од моркови ги спасил животите на илјадници деца: Рецепт...

Со обична супа од моркови ги спасил животите на илјадници деца: Рецепт на педијатарот Ернст Моро стар еден век

spot_imgspot_img

Пред 145 години е роден педијатарот Ернст Моро. Благодарение на Моро, една обична супа од моркови спасила илјадници животи, станало возможно да се дијагностицира церебрална парализа, да се откријат лактобацили и многу друго.

Застрашувачка е помислата дека пред само еден век, просечниот човечки животен век бил двојно помал од денешниот. Тоа секако не значи дека нашите претци живееле до 40-тата година од животот и умирале од старост. Тогаш постоела голема смртност кај новороденчињата. Не било доволно само детето да се роди, тоа дете требало и да се храни. Пред 142 години се родил човекот кој ја олеснил таквата задача – педијатарот Ернст Моро.

Моро е роден во 1874 година во Љубљана, која тогаш била дел од Австроунгарската империја. Ернст студирал во Грац, Австрија. Во 1899 година докторирал медицина, а во 1901 и 1902 година работел со големиот Теодор Ешерих кој ја открил бактеријата Ешерихија коли. Во 1906 година специјализирал педијатрија во Минхен, а две години подоцна станал и професор.

Во 1908 година, Ернст дошол до најважното откритие во неговиот живот што можело да се објасни дури еден век подоцна. Во тие години, многу деца умирале од дијареа. За таа цел, Моро осмислил наједноставен лек, благодарение на кој смртноста кај децата се намалила за половина – тоа била обична супа од моркови.

Рецепт: еден килограм моркови се чистат и сечкаат, се преливаат со еден литар вода и се додаваат 3 грама сол. Потоа, морковите се варат сè додека содржината не се намали на еден литар.

Дури во 2002 година станало јасно дека киселинските олигосахариди формирани во оваа супа, кои влегуваат во составот на растворот од моркови, ги спречуваат бактериите да се врзуваат за цревната слузница. Друга студија покажала дека супата спречува и дијареја предизвикана од бактерии отпорни на антибиотици.

Во принцип, тоа е веќе доволно да се сеќаваме на Ернст Моро и да му бидеме благодарни. Но, тој инсистирал и на стерилизирање на шишињата за бебиња, како и на хранење на бебињата со мајчино млеко со што децата стануваат поотпорни на многу болести (многу подоцна станало јасно дека децата се заштитени преку мајчините антитела, за разлика од вештачките млека што воопшто не ги заштитуваат).

Ернст открил и рефлекс кој е присутен кај бебињата во првите месеци од животот: ако се создаде остар звук во близина на главата на бебето, тоа прво ќе ги рашири рацете, ќе ги рашири прстите, а потоа ќе ги спои рацете заедно, стегајќи ги тупаниците.

Ако овој рефлекс не постои, тоа е знак на оштетување или т.н. депресија на централниот нервен систем.

На пример, Моровиот рефлекс или неговото отсуство може да укаже на церебрална парализа. И покрај сето тоа, Моро живеел скромно и никогаш не добил заслуга за споменатите откритија. Живеел до 74-годишна возраст, занимавајќи се со педијатрија во приватна пракса.

Извор Точка.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...