33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗабаваИсто како во Македонија: Детски хирург создава забавни цртежи на преврските...

Исто како во Македонија: Детски хирург создава забавни цртежи на преврските за да ги расположи малите пациенти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Детски хирург секојдневно им мами насмевки на своите мали пациенти и нивните родители, развеселувајќи ги нивните преврски по операцијата.

<

Доктор Роберт Пери деновиве е вирален хит на интернет благодарение на неговата прекрасна душа и љубовта кон работата. Посветениот доктор пред секоја хируршка интервенција одделува време за да поразговара со малите пациенти за нивните хобија и интереси. По операцијата, тој им црта нешто што тие го обожаваат и така им го прави престојот во болница позабавен и помалку трауматичен.

Доктор Роберт ПериДоктор Роберт ПериДоктор Роберт Пери

„Иако пенкалото можеби не е помоќно од скалпелот, детскиот хирург д-р Роберт Пери секогаш одделува време за да се увери дека лузната нема да биде само траен спомен од хируршката процедура на детето. Тој секогаш ги изненадува со рачно насликани преврски од ликови или нешто друго кое го интересира лично детето. Д-р Пери проценува дека досега има создадено цртежи на хируршки преврски за околу 10.000 пациенти“ – пишуваат за него од Детската болницата „Akron“.

Во видео снимено пред неколку години, Пери покажува како ги црта цртежите и зошто го прави тоа.

„Ги прашувам децата или нивното семејство за нивните лични интереси, спорт или нешто друго. Сакам секое дете што ќе го оперирам да има уникатна преврска. Се забавувам додека им ја правам. Децата ги обожаваат, родителите ги обожаваат. Сакам да почувствувам дека им давам нешто, дека сум посветил време. Тоа е човечко суштество и јас му давам дел од себеси“ – вели тој во видеото.

Во коментарите на објавите за него, многу родители му се заблагодарија што им го спасил животот на нивните деца, но и што им ги развеселил преврските на нивните рани. Дел од нив споделија и фотографии од цртежите кои нивните малечки ги добиле од д-р Пери.

„Ни требаат повеќе вакви доктори“ – се повторува во коментарите.

Доктор Роберт ПериДоктор Роберт ПериДоктор Роберт ПериДоктор Роберт ПериДоктор Роберт Пери

Откако некои интернет корисници изразија загриженост за хигиената при цртањето, од болницата одговорија: „Доктор Пери користи слоеви како дел од неговата техника за да е сè стерилно и безбедно. Доктор Пери и неговиот тим екстремно се грижат за своите пациенти и здравјето и безбедноста се нивен приоритет“.

Доктор Роберт Пери

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...