11.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Македонија е вистински грабеж: Погледнете колку изнесуваат производите во Германија а...

Во Македонија е вистински грабеж: Погледнете колку изнесуваат производите во Германија а колку кај нас.

Не е никаква новост дека производите што ги продаваат познатите светски марки во Централна и Источна Европа се со понизок квалитет од оние што им се нудат на потрошувачите во западноевропските земји. Истокот, благо речено, одамна стана депонија на Западот.

На нашиот пазар се пласираат производи кои и не ги поминале сите тестови и не се продаваат на западните пазари. Переме со американски прашок, но произведен во Чешка или во Полска, се бричиме со жилети произведени во Арапските Емирати, јадеме германска супа произведена во Србија, готвиме на турски, а не на германски шпорети. Разликите се толку очигледни што не е потребно лабораториско испитување за да се докаже разликата.

Што јадеме или станува јасно со едноставна проба на чоколада или на некој пијалак произведени во Германија, Франција, Австрија и производ од истиот производител, но со потелкло од Балканот или од земјите од Источна Европа. Ова наведува до заклучокот дека стануваме потрошувачи од втор ред, а државите од Источна Европа „пазар со помала вредност”.

На оваа тема е пишувано многу, со неа се занимавале и светските и домашните весници, но вниманието на јавноста не направи никаков исчекор за да се промени нешто. Иако нагласуваат дека составот на производите е ист, како што е и наведено на декларациите, производителите, сепак, признаваат дека квалитетот на западните и на источните производи не е ист, но во контекст на тоа образложуваат дека не се никако обврзани да пласираат производи со ист квалитет на сите пазари.

Тврдењата на производителите ги поткрепува и ставот на европските експерти, кои велат дека производителите немаат никаква обврска да продаваат стоки со ист квалитет во сите држави на ЕУ. Ниту жителите на источноевропските земји не се подготвени да плаќаат повеќе за определени марки, па затоа се задоволуваат со понизок квалитет. Така велат експертите, но на пазарот состојбата е инаква – освен што користат и консумираат поквалитетни производи, западноевропските потрошувачи почесто плаќаат помалку за квалитетот што го добиваат. Така, паѓа во вода тезата дека источноевропскиот пазар добива производи со понизок квалитет поради пониската куповна моќ на потрошувачите.

Хрватскиот Јутарњи лист пренесува едно големо истражување направено на хрватскиот пазар со споредба на производи наменети за западноевропскиот и за источноевропскиот пазар. Во истражувањето е вршена споредба на декларациите, пакувањата и производите во примена. Се покажало дека во нашите продавници, генерално, стоката е со послаб квалитет и со послаб квалитет на амбалажата и со помалку врвни состојки во составот.

Tic Tac – бонбони

Цена за западниот пазар: ~41 денар

Цена за источниот пазар: ~40 денари

Едното пакетче бонбони е произведено во Германија, да а другото во Ирска, но и двете во фабриките на „Фереро”. На двете декларации не можат да се најде размерот на состојките, но очигледно е дека и во двата производи се еднакви. Сите тестери вклучени во истражувањето кои паралелно ги пробале двата производа, тврдат дека подобар е произведениот во Германија, иако разликата помеѓу нив е видлива само во изгледот – производот од Германија е помал и потврд, но со поинтензивен вкус. Производот од Ирска е помек, рамномерно се топи во уста, но со послаб вкус и мирис.

Pringles Original – чипс

Цена за западниот пазар: ~159 денари

Цена за источниот пазар: ~168 денари

Едниот од чипсовите е произведен во Полска, а другиот во Германија. Според листата на состојки станува збор за индентичен производ, но разликата е во вкусот. Чипсот од Германија е помасен, додека пак чипсот од Полска е покрцкав и делува посвежо. Можеби ваквата разлика во вкусот се должи на датумот на производство, но во овој случај во убедливо водство е производот наменет за источниот пазар.

M&M – чоколадни бонбони

Цена за западниот пазар: 251 денар за 300 грама

Цена за источниот пазар: 160 денари за 200 грама

Едно пакетче од чоколадните бонбони е произведено во Германија, а другото во Полска. Според декларацијата, видливо е дека бонбоните немаат ист состав: во германскиот производ бонбоните имаат 70 отсто млечно чоколадо, а во полското 66 отсто. Остатокот од составот е ист. Разлика има исто така и во вкусот. Германските бонбони се помеки, помлечни и во нив помалку доминира чоколадото. Сите се сложуваат дека вкусот се разликува, а мислењата за тоа кој вкус е подобар се поделени. Пола од испитаниците сметаат дека подобри се оние од Германија, а останата половина гласале за бонбоните од Полска.

Jacobs 3 во 1 – кафе

Цена за западниот пазар: 167 денари

Цена за источниот пазар: 159 денари

Пакувањето во кесичка е произведено во Полска, а пакувањето во кутија потекнува од Германија. Во кафето од Полска има повеќе шеќер, 62,3% анспрема 54%, колку што има во кафето од Германија. Меѓутоа, во полскиот производ има и значително повеќе кафе: 15,3% наспрема 8% во германското. Тестерите веднаш го забележале тоа, без да проверат на декларацијата. Во првато има помалку шеќер, но и помалку кафе, па на вкус било поблаго. Размерот на состојките во полското кафе му ја донел победата над германското.

Snickers – чоколатце

Цена за западниот пазар: ~33 денари

Цена за источниот пазар: ~42 денари

Споредувани се сникерс од Полска и сникерс од Германија. На декларацијата наведено е дека во сникерсот од Германија има 24% кикирики, а во полскиот два проценти помалку. Во двата има еднакво количество карамела. Германскиот е поблаг, а полскиот е потврд и нагорнува, а и чоколадата е потемна. Тестерите велат дека германскиот е посвеж, почоколаден, помек, со еден збор токму таков каков што треба да биде. Во полскиот вкусовите не се соединуваат, потврд е и со тоа ја губи битката со германскиот.

Skittles Fruits – бонбони

Цена за западниот пазар: ~117 денари за 174 грама

Цена за источниот пазар: ~75 денари за 125 грама

Во производот од Германија е точно наведен уделот на концентрат од овошен сок (0,6%), а на полската декларација тој податок го нема. Бонбоните од Полска се потврди и поблаги, а вкусот на германските е поинтензивен, помеки се и полесно се џвакаат. Вкусот на полските бонбони се губи по неколку гриза, а во германските се чувствува овошната арома до последниот гриз.

Raffaello пакување од 4 топчиња

Цена за западниот пазар: ~50 денари за 40 грама

Цена за источниот пазар: ~50 денари за 40 грама

Кокосовите топчиња излезени до германската и оние од полската фабрика имаат ист состав: 23% кокосово брашно, 8% бадеми, брашно, млеко, ароми… Во вкусот нема голема разлика. Полскиот производ е оценет за нијанса покрцкав и поблаг. Борбата е изедначена и нема победник.

Fishermen’s Friend – бобони минт

Цена за западниот пазар: ~66 денари за 25 грама

Цена за источниот пазар: ~84 денари за 25 грама

Двата производи се произведуваат во Англија, едниот е наменет за пазарот на запад, а другиот за источниот. Јасно се разликуваат амбалажите, но различни се и бонбоните – бонбоните за западниот пазар се зелени, а за источниот бели. И текстурата им е друга. Зелените западни бонбони се рапави и брашнести, а источните се мазни и постепено се топат во уста. И во самиот вкус има голема разлика, иако и двата производи го освежуваат здивот.

Orbit Spearmint – гуми за џвакање

Цена за западниот пазар: ~41 денар за 7 парчиња

Цена за источниот пазар: ~34 денари 7 парчиња

Тестирани се само две пакетчиња: едното произведено во Германија, а другото во Франција. На хрватскиот пазар е застапен Орбит од француско производство. Вкусот на францускиот Орбит е неверојатно сладок и гумата за џвакање воопшто не освежува, напорна е за џвакање. Германскиот производ иако е сладникав, сепак е помалку благ и е попријатен за џвакање.

Taft Dwt Looks Maxx – гел за коса

Цена за западниот пазар: ~251 денар

Цена за источниот пазар: ~218 денари за 150 милилитри

Гелот произведен во Словенија има друга текстура, погуст е и полеплив, поради што и тешко се измива од рака. Од друга страна, германскиот производ е поредок, очигледно во себе има повеќе течност, што не може да се докаже со поглед на декларацијата со оглед на фактот дека ниту на едниот производ не се наведени размерите на состојките. Освен подобра текстура, германскиот производ има и подобар мирис. Словенечкиот целосно ја бетонира косата, додека германскиот добро ја држи косата, а сепак изгледа како природна.

Pez – бонбони

Цена за западниот пазар: ~75 денари

Цена за источниот пазар: ~42 денари

Едното пакување бонбони е произведено во Австрија, а другото во Хрватска. Составот навидум им е сосема ист, иако е тешко да се провери, бидејќи декларациите се штури и не се напишани точните мерки на поединечни состојки. Разликата во вкусот е драстична. Хрватските бонбони се безвкусни, овошјето не се чувствува ниту во мирисот ниту во вкусот. Од друга страна, бонбоните произведени во Австрија се многу послатки, со интензивен вкус на овошје, пријатни за лижење. Вкусот долго останува во устата. Апсолутна победа на производот за западниот пазар.

Nivea Body – млеко за тело

Цена за западниот пазар: ~243 денари

Цена за источниот пазар: ~168 денари за 250 милилитри

Иако според декларацијата и изгледот на пакувањето може да се каже дека станува збор за идентичен производ, разликите се големи. Кремата од Шпанија има слаб мирис, кој испарува штом ќе се намачка на кожата, а и хидратацијата брзо се губи. По миењето на кожата мирисот и кремата испаруваат. Од друга страна, лосионот произведен во Германија има интензивен мирис на бадем, а откако ќе се намачка, кожата останува сјајна и мирисна. Кремата не се впива веднаш, туку постепено, така што долго се задржува на кожата. Кожата останува мека и хидрирана и по миењето.

Neutrogena – лосион за тело

Производ за западниот пазар: 335 денари

Производ за источниот пазар: 268 денари за 250 милилитри

Едниот е производ од Германија, а другиот од Грција. Германскиот производ има пријатен мирис, мека текстура и лесно се размачкува. Мирисот производот од Грција е неутрален, дури и на граница со непријатен. Погуст е и потешко се размачкува и не остава пријатно чувство на кожата како германскиот производ. И двата брзо се впиваат во кожата и ја омекнуваат.

Garnier Fructis – шампон

Производ за западниот пазар: ~159 денари за 250 милилитри

Производ за источниот пазар: ~155 денари за 250 милилитри

Артиклите имаат сличен состав, но оној кој е произведен во Германија има убав и прилично силен цитрусен мирис во кој доминира лимонот. Не е ни преслаб ни прејак. Шампонот е со солидна густина и мирисот се чувствува во рака, а подоцна и на косата подолго време. Мала количина од шампонот многу брзо пени во контакт со малку вода, така што косата со него лесно се мие. Шампонот за источниот пазар е произведен во Италија и има интензивен мирис на грејпфрут, кој останува во носот. Можеби дури и прејак, но густина му е идеална.

Carefree Оriginal – хигиенски влошки

Производ за западниот пазар: ~134 денари за 58 парчиња

Производ за источниот пазар: ~84 денари за 20 парчиња

Двата производи имаат ист состав, но оној кој се произведува во Италија има интензивен впечатлив мирис. Кога влошката ќе се извади од кутијата, нејзиниот мирис уште посилно се чувствува. Доста е груба и изгледа како да е од рециклирана хартија, а впива помалку од оние наменети за западниот пазар, кои се произведени во Германија. Германските влошки имаат свеж мирис кој е неутрален. Иста големина се како и италијанските, но се многу помеки на допир. Имаат и добра апсорпција.

Head and Shoulders Citrus fresh – шампон против првут

Производ за западниот пазар: ~251 денар за 250 милилитри

Производ за источниот пазар: 168 денари за 200 милилитри

Производите се со идентичен состав, но на оној од Франција, кој е наменет за источниот пазар, пишува дека шампонот содржи екстракти од цитрус, a во мирисот се чувствува и лубеница. Шампонот е многу густ, а неговиот мирис е интензивен. Кога ќе се стави на рака, може дланката и да се сврти, а шампонот нема веднаш да падне. Но, многу потешко пени, па се измива со многу повеќе вода. Производот за западниот пазар е произведен во Германија и има помалку интензивен мирис. Овој шампон е со помала густина од првиот, но тоа и не му е некоја мана.

Nutella

Производ за западниот пазар: 268 денари за 800 грама

Производ за источниот пазар: 192 денари за 400 грама

Вечните ривали, вистинската германска Nutella и сите други, тема на вечна дебата помеѓу обожавателите на овој крем. На прв залак, полската Nutella повеќе им се допаѓала на дегустаторите, но веќе следниот миг шеќерoт доминира над сите други ароми. Германската Nutella пак има пофина текстура, нагорнува и во составот има поголема количина какао и лешникова паста, кои се всушност клучот на вкусот на овој крем. Германскиот производ убедливо победи, а згора на тоа е и значително поевтин.

KitKat Chunky – чоколатце

Производ за западниот пазар: 38 денари за 48 грама

Производ за источниот пазар: 42 денари за 40 грама

Чоколадото за западниот пазар е произведено во Германија и е малку подебело од она кое се продава на источниот пазар и потекнува од Бугарија, но тоа е разбирливо со оглед на грамажата (48 грама наспрема 40). Декларацијата открива дека германскиот производ има помалку чоколадо, но е подобар, бидејќи има 31,5 отсто какао во однос на бугарските 28%. Германската вафла во чоколадото е потемна и потврда, па така бугарската е помека и посочна. Исто така, со оглед на тоа дека можеби е предебела, при гризење пука чоколадото и се крши вафлата, па може и да падне. Германското чоколатце содржи повеќе масти и шеќери и тоа за 2 грама, па оттука бугарското чоколадо е подобро од германското.

Gillette Sensitive Skin – гел за бричење

Производ за западниот пазар: ~226 денари за 200 милилитри

Производ за источниот пазар: ~235 денари за 200 милилитри

Геловите за бричење со потекло од Германија (за западниот) и од Полска (за источниот пазар) тестирани се во текот на неколку дена за да дојде до израз гелот. Декларациите не откриваат никаква разлика меѓу производите. Амбалажата е малку поинаква, исто како и бојата на геловите – германскиот е зеленикав, а полскиот синкав. По истискувањето од германскиот излегува дополнително гел помалку отколку од полскиот. Тоа значи дека тубата за западниот пазар е подобро изработена. Германскиот гел има поубав мирис и ја прави кожата на лицето помазна по бричењето. Бричењето со него оди мазно и не запнува без разлика колку е тап бричот, а со полскиот запнува и може да се засечете.

Domestos – средство за дезинфекција и чистење

Производ за западниот пазар: ~125 денари за 750 милилитри

Производ за источен пазар: ~116 денари за 750 милилитри

Производот за западниот пазар е произведен во Германија, а оној за источниот во Унгарија. Единствена видлива разлика во составот на декларацијата е тоа што овој за западниот пазар содржи водороден пероксид, а тој за источниот не. Првата разлика што се забележува без многу труд е уште кога ќе се отвори заштитното капаче –отворот на шишињата е различен – на германското шише има седум мали дупчиња кои овозможуваат поефективно нанесување на производот, унгарскиот има само една поголема, така што кога се користи повеќе истекува одошто е потребно. Германскиот доместос има поостар мирис и зелена боја и пени кога се нанесува. Унгарскиот е речиси проѕирен и речиси воопшто не пени во допир со вода. И едниот и другиот добро чистат, со тоа што мирисот и свежината подолго се задржале од германскиот.

Lenor Spring – омекнувач

Производ за западниот пазар: ~125 денари за 950 милилитри

Производ за источен пазар: ~252 денари за 1,425 литри

Производот за западниот пазар е произведен во Германија, а за источниот во Полска. Разлики во составот на декларацијата нема. Првата разлика што се забележува со голо око е на амбалажата. Начинот на употреба на производот за западниот пазар е претставен со сликички и објаснет со текст, на источниот ја има само верзијата со слика. Двата омекнувачи се тестирани на памучна облека и пешкири. Германскиот омекнувач мириса пофино и истовремено е поблаг и понеутрален. Исто таква е и облеката испрана со него и мириса неколку дена подолго отколку облеката испрана со омекнувачот со потекло до Полска.

Ajax Triple Action – средство за чистење стакло

Производ за западниот пазар: ~113 денари за 500 милилитри

Производ за источниот пазар: ~134 денари за 750 милилитри

Производот за западниот пазар е произведен во Германија, а за источниот во Грција. Во декларациите не се наведени точните состави, па не може да се забележи разлика. Првата евидентна разлика е распрснувањето. Производот за западниот пазар доаѓа со подобра прскалка, па се распрснува по површината, а оној за источниот потекува по раката и по површината. Мирисот на производот за западниот и на оној за источниот пазар е идентичен. Се забележува дека при бришењето помалку влакненца остануваат на стаклото избришано со германското средство.

Рalmolive – течен сапун

Производ за западниот пазар: ~117 денари за 300 милилитри

Производ за западен пазар: ~134 денари за 300 милилитри

сапунот за западниот пазар е произведен во Германија, а за источниот во италија. Разлики во составот означен на декларациите нема, а и пакувањата, исто така, се исти. Сапунот за западниот пазар има поинтензивен мирис. Меѓутоа, сапунот од Германија е за трошка по редок и полесно се истиснува.

Maggi – пилешка супа со фиде

Производ за западниот пазар: 66 денари за 38 грама

Производ за источниот пазар: 50 денари за 40 грама

Производот за западниот пазар е произведен во Германија, а за источниот во Србија. Декларацијата ја открива разликата во количината на фиде – во српскиот има повеќе 60%, а во германскиот 56%. Германскиот содржи поголем процент на сушен зеленчук – 6%, а српскиот 1,7%. Веројатно поради тоа германскиот има поинтензивен мирис и вкус. Српската супа е за 4 лица, а германската за само два, бидејќи се работи за инстант супа. Бидејќи строго се придржувавме на времето за варење наведено на пакувањето, не бевме задоволни од квалитетот на фидето. По 5 минути, колку што пишува на пакувањето, српското фиде беа преварени, а по 3 минути, означени на германското пакување, германското фиде беше недоварено. Излегува дека идеално време за барење на двете супи е 4 минути.

Lion White – чоколатце

Производ за западниот пазар: ~41 денар за 42 грама

Производ за источен пазар: ~41 денар за 42 грама

И повторно – производот за западниот пазар е произведен во Германија, а за источниот во Полска. Според декларациите, во германските чоколатца има помалку карамела и житарки (2-3%), а поголем дел чоколаден прелив (повеќе од 10%) во однос на полскиот. Иако грамажата им е иста, производот за германскиот пазар изгледа подебело, пополно од овој од Полска. До истиот заклучок се доаѓа и ако се споредат вкусовите. Вафлите во средина на полнењето на производот за западниот пазар се помеки. Интересно е што производот од Милер, кој според декларацијата има помал удел на карамела и житарки, успева да биде истовремено и многу покрцкав и генерално помек и пофино да се топи во уста.

Finish 3 во 1 – таблети за машина за садови

Производ за западниот пазар: 419 денари за 26 таблети + 10% гратис

Производ за источен пазар: 570 денари за 28 таблети

Производот за западниот пазар е произведен во Германија, а за источниот во Полска. Разлика во составот на декларациите нема. Најголемата разлика, ако не се земе предвид цената, е во амбалажата. Упатството за користење, составот и другите податоци на источното пакување се многу ситно напишани, па тешко се читаат, а тоа е така бидејќи се наменети за поголем пазар, па треба да бидат испишани и на повеќе јазици. Разлика во квалитети нема

Vileda Glitzi – сунѓерчиња за садови

Производ за западен пазар: 9,90 kn 2 kom

Производ за источен пазар: 12,99 kn 2 kom

Уште на прв поглед се гледа дека сунѓерчињата произведени во Германија се со помал обем од оние во Словенија, кои се наменети за источниот пазар. На допир и при користење германските сунѓерчиња се помеки. Голема разлика се забележува на делот за триење – на словенечките тој е дебел 8 мм, а на германските само 2. Словенечкиот слој е многу помек, но иако германскиот слој е потенок, тие сунѓерчиња подобро и полесно тријат, а и полесно се одмиваат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид Органикс донира климатски уред за канцелариските простории на ЈПКД-Дебрца

Прес-известување за донација на Инвертер Уред за климатизација од Охрид Органикс на ЈПКД-Дебрца. Охрид Органикс донира климатски уред за канцелариските простории на ЈПКД-Дебрца Охрид Органикс, призната...

Директорот го украл ехо-апаратот од болницата во Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С. Т. (49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата. Тој во...

Охриѓани и гостите згрозени: Возрасен маж врши физиолошки потреби во Охридското Езеро.

Денес охриѓани и гостите кои го искористија прекрасното сонце за прошетка по кејот на Охридското езеро беа сведоци на една грда слика. Возрасен маж сред...

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...