2.7 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не сум се договарал со Мијалков. Тој ги охрабруваше пратениците затоа...

Заев: Не сум се договарал со Мијалков. Тој ги охрабруваше пратениците затоа што веруваше во решението

Заев: Не сум се договарал со Мијалков. Тој ги охрабруваше пратениците затоа што веруваше во решението..
Поранешниот премиер Зоран Заев за Фокус ги демантираше шпекулациите дека наводно се договарал со Сашо Мијалков во врска со осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Преспанскиот договор. Тој вели дека го ризикувал својот и животот на своите блиски за да ги обелодени материјалите за незаконското прислушување и дека е срамота да има вакви шпекулации.

Тоа може да го зборуваат само луѓе што се занимаваат со шпекулации и лаги. Секогаш сум бил транспарентен за сѐ додека бев во политиката. Пратениците гласаа по сопствено убедување и нивните изјави беа насекаде низ медиумите –изјавил Заев за Фокус.

На социјалните медиуми деновиве се појави една стара изјава од Зоран Заев од 2019 година каде тој наводно потврдува дека Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за договорот.

– Сашо Мијалков зборуваше со пратеници поради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал – гласи изјавата.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...