7.4 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим Димитриевски: Во 2023-та бесплатен превоз за сите кумановчани!

Максим Димитриевски: Во 2023-та бесплатен превоз за сите кумановчани!

spot_img

Во 2023 година очекуваме голем број на промени во Куманово, но, дополнително планираме и активности за 2024 и 2025 година, во рамки на развојната компонента на буџетот. 2023 година планираме да ја отпочнеме со бесплатен превоз за сите кумановчани во време не енергетската криза, бидејќи ние тоа треба да им го понудиме на граѓаните“. Ова вчера го најави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Димитриевски потенцираше дека граѓаните плаќаат дневна карта од 35 до 110 денари во зависност од која релација и тоа се доста високи средства.

Ќе го буџетираме и тоа со скромни субвенции кон вршителите на јавниот превоз и изнајдовме заеднички начин како да го субвенционираме и сакаме да го ставиме веќе од почетокот на годината или некаде од 10-ти јануари во функција за сите кумановци во следниот период, во период на енергетска криза да користат бесплатен превоз. Што ќе добиеме? Ќе добиеме помал метеж во центарот на градот, дополнително економски бенефит за секое семејство, ќе субвенционираме 40 денари по километар на секој од превозниците, тие се задоволни со тие средства, излегуваат дел и они во пресрет на граѓаните и на градот. И дополнително, средствата кои ги имаме по однов на превоз на ученици и тоа ќе биде еден финансиски пакет со којшто ќе го затвориме тоа, а дополнително изградба или целосна реконструкција на новиот плоштад пред Домот на културата во градот и изградба на голем број на улици, бетонирање на голем број на улици, нова канализациона мрежа итн“, рече Димитриевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...