3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Дајте ми чист мандат ,за 4 години ќе направам економски...

Заев: Дајте ми чист мандат ,за 4 години ќе направам економски бум а ќе влеземе во ЕУ и во НАТО

spot_img

Барам чист мандат за да се покажаме на економски план. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата, за да има вистински економски натпревар меѓу политичките субјекти, заради тоа што уште еднаш кажувам две работи се тие што ќе бидат доминантни во следниот четиригодишен период: економија и трансформација севкупна на нашето општество, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред денешната средба со стопанственици во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Заев рече дека е економист, доаѓа од реалниот сектор, практичар, и оти во изминатите две и пол години успеале од негативни ставки на БДП од минус 1,8 да стигнат до 3,6, резултати кои можат да бидат уште подобри.

Стадиумот до кој стигна нашата земја, како што вели, е да зборуваме за економијата и верувам дека ќе бидеме паметни, пред сѐ политичарите на големите политички партии да зборуваат во периодот што претстои пред нас за економијата, идеите, моделите, инвентивноста, кој колку повеќе да бидеме креативни, колку повеќе збор ќе земеме пред деловните луѓе во економијата.

„Верувам дека тоа ќе направи еден притисок за идните имплементации на економските мерки што ќе произлезат од тие што ќе ја добијат власта секако, но и опозицијата е исто така важна во сите овие сегменти”, рече Заев.

Тој нагласи дека со Сојузот на стопански комори состаноците секогаш биле квалитетни и додаде дека е даден одговор на 78 економски мерки на ССК, со напомена дека 29 се веќе решени прашања, голем дел се започнати да се решаваат, а 13 се во надлежност на општините и останати институции и веќе се адресирани.

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска истакна дека нивните барања се многу и ниту едно од нив не е едноставно, за да може сега да се елаборира. Посочи дека остануваат предизвиците кои им се проблем во последните 30 години.

Еден од клучните предизвици, нагласи, е немање на систем на владеење на правото, нешто кое треба од корен да се зафати и да се изработи да биде во делот на тоа кое е барање не само на приватниот сектор, туку и на секој еден граѓанин кој сака да живее и да работи во државава.

„Доколку немаме ефикасен систем ништо не функционира. Тоа е клучно барање, во делот на оние останатите кои се во линија со него, а се покрај владеењето на правото, се сивата економија, ефикасна ефективна администрација која треба да биде на линија брзо да ги исполнува оние барања на деловната заедница и на граѓаните, затоа што секое непостапување значи губење драгоцени средства, а во економијата времето некогаш значи многу повеќе од тоа што го значат и финансиите”, рече Арсовска.

Според неа, бројни се предизвиците со кои се соочуваат, меѓутоа клучот е во тоа кога има добра квалитетна идеја која е детектирана од приватниот сектор како нешто што треба да се спроведе и да се постапи, истото да се спроведе доследно, да не се зема добра идеја, таа истата да се изобличи и понатаму да се носи во форма на законско решение кое е неприменливо, па се добива нешто кое не може да се примени.

„Европската унија е патот кој сите го сакаме и посакуваме не толку затоа што сакаме да бидеме во елитно друштво каде нема бариери меѓу државите и каде самата цел е да влезете и да бидете дел од ЕУ, туку затоа што ни требаат сите оние работи кои треба да си спроведеме за да стигнеме до неа, а тоа е да имаме функционалност на институциите, да имаме владеење на правото и се да функционира беспрекорно, да имаме зголемување на животниот стандард, да имаме природно зголемување на платите, се она кое на една современа држава и треба која се наоѓа во срцето на Европа”, додаде Арсовска.

Во врска со тоа дали ќе успеат политичките чинители да се оттргнат од политиката и да се посветат на економијата посочи дека доколку знаат што е за нивно добро, најпрво како луѓе кои претендираат да бидат власт би требало да сакаат да се оттргнат од политиката и да се посветат малку на економијата, затоа што ако не се посветат сега, верува дека оваа е една од најкритичните години кога можеби и ќе нема веќе на што да се посветат, доколку не се фокусираат тоа да го сторат годинава.

Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата е дојдена до стадиум во кој политичките прашања се решени, само треба да се одржуваат, негуваат и имплементираат.

„За мене е ризик уништувањето на Преспанскиот договор, прво затвораме еден нов сосед повторно со можно ново вето, ретроградни процеси, кавги со соседите и слично. И затоа секој пат ќе го спомнувам, заради тоа што за мене барем беше потребна сериозна храброст да се постигне тој Договор, ама на крајот е заради економија, заради економски стандард, заради можност за нови соработки со Грција и со светот итн. И не случајно 85 отсто од нашиот народ е за интеграциите во ЕУ и во НАТО, заради тоа што тоа носи пред се и економски бенефити, меѓу другото, најповеќе економски бенефити за државата”, додаде Заев.

мкд.мк

 

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...