16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонија11-годишната Теа конечно ја доби првата доза терапија за ретката болест која...

11-годишната Теа конечно ја доби првата доза терапија за ретката болест која ја чекаше од март

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

11-годишната Теа конечно ја доби првата доза терапија за ретката болест која ја чекаше од март.

<

Среќна сум што денес примив терапија која се надевам ќе ми помогне да станам од количката, да си играм со моите другарчиња и да одам на училиште, вели 11-годишната Теа Јованова, која по неколкумесечно чекање денеска ја прими алтернативната биолошка терапија за нејзиниот јувенилен ревматоиден артритис во Клиниката за детски болести, но не онаа што ја чека од тендерот на Министерството за здравство. Но, и денешниот лек кој ќе го добива еднаш неделно според лекарите може да даде уште подобри резултати. Храбрата Теа и нејзината борбена мајка го вклучија алармот и ги размрдаа надлежните институции…

Добро е што сме тука, јас како мајка сакам моето дете постојано да има терапија, вели Наска Јованова, мајка на Теа.

Рацете и нозете на Теа се вкочанети, постојано има болки а веќе има и други здравствени проблеми. Директорката на Клиниката за детски болести вели дека денеска ќе биде под нивни надзор за да имаат увид како реагира на терапијата. Целта им е да нема негативни последици туку малото девојче да го оствари сонот и да стане лекар ревматолог.

Теа имаше храброст и проговори колку е тешко дете да биде лишено од училишните клупи поради болеста и колку е тешко да нема терапија. Но таа е само една од многуте кои се соочуваат со вакви проблеми.

Според информации на Сител, утре состанок има Комисијата за ретки болести на кој стручните лица ќе дискутираат и ќе бараат биолошка терапија да има на позитивната листа а не подари долгите бирократски тендерски процедури кои се во моментот, пациенти да чекаат лек.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...