22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаСветПрво пожари па поплави и град. Сега на Австралија ја напаѓаат и...

Прво пожари па поплави и град. Сега на Австралија ја напаѓаат и смртоносни пајаци (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралија веќе се соочи со екстремни пожари и град годинава. Сега, експертите ги предупредуваат луѓето да внимаваат на смртоносни пајаци, бидејќи се создадени „совршени услови“ за да живеат, пренесе Си-ен-ен.

<

Влажните шумски предели во источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку видови пајаци познати по својот високо токсичен отров со брзо дејство. Меѓу нив е и сиднејскиот левак-пајак (Atrax robustus). Во средата, од австралискиот Парк на рептили, кој се наоѓа во Сомерсби, Нов Јужен Велс, е речено дека активноста на пајаците во последните денови е зголемена.

„Поради неодамнешните дождови и врелите денови како што се сега, очекуваме овие пајаци да започнат да се движат насекаде“, вели портпаролот на паркот Даниел Рамзи.

„Сиднејскот левак се потенцијално едни од најопасните на светот кога станува збор за делувањето на нивниот отров и затоа мораме да ги третираме многу сериозно“, додава Рамзи.Австралија е опустошена од најтешките пожари забележани во децении, најмалку 28 луѓе загинаа, а во Нов Јужен Велс над 3.000 домови се оштетени.

Неколку бури донесоа освежување во одредени области минатата недела, но поројните поплави создадоа нови ризици. Делови од југоисточна Австралија беа погодени од силен град со големина на топче за голф, доволно силни да искршат прозорци на автомобили и да повредат птици, по помалку од 24 часа откако регионот беше погоден од силни песочни бури.

Ворен Бејли, сопственик на компанија за контрола на штетници во Сиднеј, рече дека овие пајаци се активни обично во текот на летото, но нивната сезона започнала подоцна оваа година, бидејќи изминатите неколку месеци беше многу сушен период.

„Нивниот отров е доста токсичен и може да убие некого. Овој вид пајак сега излезе заради дождовите и можат да влезат во домовите на луѓето низ земјата или низ покривите“, вели Бејли.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...