12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДали знаете кој е творец на Македонското знаме?

Дали знаете кој е творец на Македонското знаме?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Процесот на усвојување и промена на државното знаме на Македонија започнал во 1995 година. Летото, тогашната Влада на Македонија го задолжила Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме и нов грб на државата. Така, за еден месец, Грчев изготвил по 12 дизајни за знаме и грб на Македонија, каде знамињата се делеле на: знамиња со златен диск на црвена основа, знамиња со златен диск кој излегува од границите на знамето, знамиња со златни дискови и триаголни зраци и знамиња со златни дискови и со златни краци на целата основа. При изработка на знамето, Мирослав Грчев морал да внимава на двата критериума поставени од Владата на Македонија:

<

знамето да ги има истите бои како и претходните македонски знамиња, односно крвава црвена и златно жолта, и
знамето да го има сонцето како единствена апликација.
По поднесувањето на сите 12 дизајна на знамиња и исто толку грбови, Собранието воопшто не расправало за грбот, иако тоа било во план, а како ново знаме се зел последниот предлог на Грчев, односно дизајнот каде сончевите зраци се на целата површина на знамето. Интересно е тоа што в0 оригиналниот дизајн немало одделување на зраците од дискот, туку тоа било отпосле сменето во Собранието. За таа промена, Мирослав Грчев вели дека не е во согласност со графичките, естетските и ликовните правила.

Државно знаме на територијата на Република Македонија, усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце, добиено од старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...