6.1 C
Ohrid
петок, февруари 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски во 2011 во Вашингтон го одбил името “СЕВЕРНА” – Хилари Клинтон...

Груевски во 2011 во Вашингтон го одбил името “СЕВЕРНА” – Хилари Клинтон пцуеше и се сметаше изневерена

Во емисијата на Алфа ТВ „Што не е јасно” со Горан Момировски, гостуваше македонскиот новинар Драган Павловиќ Латас во кој зборуваше за Зоран Верушевски, советникот на Заев за безбедност, како и за екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, на кој во 2011 година во Вашингтон му беше понудено од страна на Хилари Клинтон да го промени името на Република Македонија во “Северна”.

Во интервјуто на Алфа ТВ, новинарот Латас зборуваше и за Никола Тодоров кој вели дека е играчот кој го убеди Груевски, Пржинскиот договор да биде таков како што е и да се формира институција, за кој многу луѓе беа против, не од лични причини туку од нивните сами принципи.

ДОАЃАМЕ ДО ВЕРУШЕВСКИ КАКО СВЕДОК КОЈ ТВРДИ ДЕКА ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ СЕ ДАДЕНИ НА СДСМ И ДЕКА ТИЕ РАЗГОВОРИ СЕ СНИМЕНИ ПО НАРАЧКА НА ВЕРУШЕСКИ КАЈ ДВАЈЦА НАРОДНИ ХЕРОИ КОЈ ГИ ПРОГЛАСИ ЗАЕВ. ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ТИЕ РАЗГОВОРИ НЕ СЕ ПО ПОТЕКЛО НА ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ ОДНОСНО УПРАВАТА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ, ВЕЛИ ЛАТАС.

За фазите и процесите за менување на името Латас одговори:

ЈАС СУМ СО ПОЛИТИКАТА НА ВМРО ДПМНЕ ПОВРЗАН ОД ВРЕМЕТО НА 94-ТА ГОДИНА. ШЕЌЕРИНСКА ДОМА МИ ДОАЃАШЕ НА ВРЕМЕТО КОГА БЕШЕ НОРМАЛНА, ПОСЛЕ ТОА КОГА СВАТИ ДЕКА САКА ДА БИДЕ ГАЗДА И ВО СВОЈАТА КУЌА И ВО СВОЈАТА ПАРТИЈА НЕ И ТРЕБАА НИ ЕДЕН ОД ДРУГАРИТЕ НА МАЖОТ, ПА СЕ ИСПОКАРА СО СИТЕ НАС.

2011 година е година кога го смени светот. Нашето име е решено 2011 година. Некаде 15 февруари Никола Груевски со своја делегација оди во Вашингтон да разговара за името. Во тоа време Хилари Клинтон е државен секретар за надворешни работи. Груевски добил прием кај неа и потоа добива прием заедно со неа кај Бајден. Претходно оди кај Гордон кој е заменик потсекретар за Балканот и за Југоисточна Европа.

ТОГАШ НА ГРУЕВСКИ МУ СЕ НУДИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО, БИДЕЈЌИ НА МИНАТИТЕ ИЗБОРИ АКО СЕ СЕЌАВАТЕ ВО 2008 ГОДИНА ВМРО ИМАШЕ 63 ПРАТЕНИЦИ, 480 ИЛЈАДИ ГЛАСА, ВЕЛИ ЛАТАС.

ЈАС ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ ГИ ЗНАМ ОД НЕГО И ОД ТАА ДЕЛЕГАЦИЈА ШТО БЕШЕ ВО ВАШИНГТОН. НА МАСА МУ СЕ НУДИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО. ВО ТОА ВРЕМЕ ПУТИН НЕ БЕШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, БЕШЕ МЕДВЕДЕВ И ТОА Е ГОДИНА КАДЕ ШТО АМЕРИКАНЦИТЕ САКАА ДА ГИ РЕШАТ СИТЕ СВОИ СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ ВО ОВОЈ ДЕЛ ОД СВЕТОТ, ЗНАЧИ НЕ Е СЛУЧАЈНО ИЗБРАНО НИ ВРЕМЕТО НИ МЕСТОТО. ТОА БЕШЕ АМЕРИКАНСКИ СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС ОД ГЛОБАЛЕН КАРАКТЕР.

Хилари вели треба да се смени името, Папндреу е согласен да бидете “Северна Македонија”.

Во март истата година Дојче Веле за прв пат објави дека” Северна Македонија” е можна опција за промена на името.

Груевски тогаш го одбива разговорот, се се завршува со пцуење од државната секретарка на Америка која нема таков вокабулар и во тој момент се смета дека Хилари Клинтон е изневерена.

Таа имаше огромна амбиција во 2011, во мај таа година имаше протести во Египет, тогаш почнува и граѓанска војна во Либија, а непосредно почна и војната во Сирија. Бараше воена акција на Америка во Либија но не доби одобрение од министерството за одбрана.

ВО МАРТ ОТКАКО ГРУЕВСКИ ГО ОДБИ ОВОЈ ПРЕДЛОГ ИМА ЕДНА СЛИКА КОЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАЈДЕТЕ НА ИНТЕРНЕТ КАДЕ ШТО ТОЈ Е СЛИКАН СО ХИЛАРИ КЛИНТОН. ДОКОЛКУ ГО ПОЗНАВАТЕ ДОВОЛНО ДОБРО НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ПО КИСЕЛА ФАЦА И ПО ПРОПАДНАТ ЧОВЕК ОД ТАА СЛИКА ВО ОВИЕ ГОДИНИ НЕМА. ТОЈ И ВЕЛИ НА ХИЛАРИ, „ЈАС ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАМ ВО СКОПЈЕ ДА РАЗГОВАРАМ СО МОИТЕ ЧЛЕНОВИ ВО ПАРТИЈАТА„ И ТАА ТОГАШ ЗБЕСНУВА, ВЕЛИ ЛАТАС.

 

Во март се случува деветтата средба по ред помеѓу Папандеру и Груевски, мислам дека е тоа на советот во Брисел. Тука прв пат Папандреу излегува пред Груевски и вели знам што сте разговарале во Вашингтон порачано ми е, ова за името треба да го решиме.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Александар од Прилеп

Потрагата по лицето Александар Јошовески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата вчера попладне за жал е пронајден починат вечерва. Ова преку социјалните мрежи...

„Несериозен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите“, рече Маричиќ

Предлогот законските измени на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на патните исправи е правна несигурност за граѓаните, изјави вечерва вицепремиерот Бојан Маричиќ на новинарско...

Максим Димитриевски е претседателски кандидат на ЗНАМ за претстојните избори.

Максим Димитриевски е претседателски кандидат на ЗНАМ за претстојните избори. Партијата Движење ЗНАМ - За наша Македонија вечерва во Скопје ќе го одржи првиот...

ДНК со поддршка до Силјановска-Давкова: Време е да си добиеме мајка!

Популарното музичко дуо ДНК јавно и искажа поддршка на професорката Гордана Силјановска-Давкова, која се пријавила на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ...