На 08.11.2022, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода А.Ш.(52), Ф.Ш.(43) и С.Ш.(20), сите од струшко село. Тие, во семејниот дом во селото, физички нападнале 18- годишна членка на семејството. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.