26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаЗабаваГрадоначалник на еден Американски град е Коза, во трка влегуваат сега и...

Градоначалник на еден Американски град е Коза, во трка влегуваат сега и две кучиња.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатите кои се кандидираат за градоначалник на мал град во Вермонт, не мора да бидат членови на политичка партија, бидејќи од март 2019 година , и животни можат да ја заземат оваа позиција.

<

Во моментов, градоначалничката на Фер Хевен е тригодишната коза Линколн, а сега нејзини противкандидати на изборите ќе бидат две кучиња, пренесува Си-Ен-Ен.

По една година мандат како градоначалник на Фер Хевен, козата Линколн е во опасност. Нејзината работа ја извршува градскиот менаџер и таа беше избрана за оваа позиција да помогне во собирањето средства за изградба на училишно игралиште.

“Потребни се пет долари за да се натера вашето домашно милениче да се кандидира за градоначалник. Секој жител на Фер Хевен може да номинира свој. На денот на изборите, ние бараме од гласачите донации, но тие не треба да ги даваат, а со секоја донација, ние сме малку поблиски до целта”. вели градскиот менаџер Џо Гантер.

Нивната цел е да соберат 80,000 долари, а началникот на полицијата Бил Хемфрис се надева дека нивното полициско куче Семи ќе помогне во собирањето средства преку неговата кандидатура.

“Линколн направи одлична работа. Таа ја претставуваше добро заедницата, па затоа мислевме дека е добра идеја да ја предизвикаме да се кандидира повторно оваа година за да видиме дали можеме да ја победиме”, рече Хемфрис.

Во случај шестгодишниот германски овчар да победи на изборите, Линколн има план за поддршка.

„Ако не победи, Линколн ќе се посвети на кариерата во јога со кози. Таа откри дека ова е многу интересна професија“, вели Кристофер Стантон, нејзиниот сопственик.

Во март 2019 година, козата од Линколн дојде како градоначалник со само три гласа, а годинешните избори би можеле да бидат напнати. Поточно, неодамна се појави трет кандидат, Марфи, кокер шпаниел стар само три години. Ова куче е овластено куче за терапија, кое посетува старечки домови, болница во Фер Хевен и средното училиште, каде што помогна да се започне програмата „Читање со кучиња“.

“Мурфи смета дека читањето е многу важно, но исто така и играњето надвор е задолжително. Ако биде избран за градоначалник, тој ќе работи напорно за да им обезбеди на децата од Фер Хевен најдобро можно игралиште”, рече неговиот сопственик, Линда Баркер.

Изборите се закажани за 3 март, а градот досега собра 800 долари за изградба на игралиштето.

Канал 5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...