17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаБУШАТИ - Не ни треба спогодба -третина од територијата во Македонија ...

БУШАТИ – Не ни треба спогодба -третина од територијата во Македонија е албанска, а Албанците се државотворен народ а Македонците во Албанија се национално малцинство.

Поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен пратеник од редовите на социјалстичката партија, Дитмир Бушати, бил еден од двајцата пратеници кои се изасниле против ратификацијата на Спогодбата за отворање културно – информативни центири во Скопје,односно во Тирана.

Од собраниската говорница тој рекол дека Спогодбата погрешно го изедначува статусот на националните малцинства и додал дека нема додадена вредност за Албанците, бидејќи во Македонија Албанците се државотворен народ а Македонците во Албанија се национално малцинство. „Договорот предвидува отворање културно-информативен центар во амбасадата во Скопје за промовирање на албанската култура, но Бушати, вели дека 1/3 од македонската територија е албанска, има три албански универзитети и три големи телевизии на албански јазик,пренесува агенцијата Балкан веб. Бушати исто така рекол дека може да се потпише таков договор со Украина и Австралија за да не се изгуби албанската култура таму, но не и со Македонија каде албанскиот е официјален јазик, спикерот на парламентот е Албанец, во Владата и Парламентот се зборува албански, минстер за одбрана бл Албанец, а и во судските постапки може да да се зборува албански.

Верувам дека ќе послужи малку во климата за соработка. Не верувам дека има овде некој колега во солава кој не е за регионална соработка. За да се отргне меракот Албанија беше дарежлива со Македонија. Таа е меѓу првите земји што ја признаа независноста. Таа е прва земја каде во програмите на сите влади се посвети на неповредливоста на територијалниот интегритет. Ние го ратификувавме договорот за членство во НАТО. Сосема едноставно и покрај проблемите и фактот дека 1/3 од нив се Албанци, ние не го сменивме нашиот однос кон нив,- изјавил Бушати. Наспроти него Спогодбата ја бранеше неговата сопартијка, министерката за култура,како предлагач, како и многу други пратеници,што ја потврдува и бројката од 96 пратеници кои гласаа доцна попладнево за Спогодбата.

Екс шефот на албанската дипломатја, Бушат, откако премиерот Рама неочекувано го разреши од фнкцијата, во јануари минатата година, тој стана многу близок со косовското движење „Самоопределување“ и имаше информации дека ќе биде лидер на Самоопредлување за Албанија.

Илинден Тирана

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...