19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаДругарите на Пино: Ангела е вистински мафијаш и организатаор на тепачки, таа...

Другарите на Пино: Ангела е вистински мафијаш и организатаор на тепачки, таа побара од Пино да стави девојче во гепекот !!

Другарите на убиениот Пино Секондо денеска сведочеа во Кривичниот суд на судењето на Ангела Ѓорѓиевска, која е обвинета дека учествувала во убиството кое го извршил Али Фуркан, кој е во бегство.

Мартин Јаневски, кој бил со Пино на неговиот роденден, сведочеше дека Ангела му се јавила на Пино вечерта на роденденот. Таа го викала Пино да дојде кај нејзе бидејќи планирала тепачка со девојчиња и и требало автомобил за да стави една од девојките во гепек.

Пино на ова рекол дека нема пари и гориво да оди во Ѓорче, бидејќи било доцна навечер, а и не му се влегувало во проблеми, сведочеше Јаневски.

Мартин и Пино ги споил нивниот заеднички интерес за автомобилите, знаел некои од неговите девојки, но Ангела лично не ја знаел.

За нејзе почнал да се распрашува кога слушнал дека Пино исчезнал откако негов другар му кажал дека Пино можно е да бил со “ќоравата од Ѓорче”, надимак кој го користеле за Ангела. Мартин почнал да се распрашува, и пишал на Ангела на Фејсбук и потоа се слушнале на телефон, но таа му одговорила само дека Пино бил вечерта кај нејзе на цигара и си заминал. Истиот ден Мартин ја прашувал Ангела и други информации за Пино, но таа рекла дека не знае ништо повеќе и го блокирала на социјалната мрежа Фејсбук.

-Ми изгледаше чудно што не сакаше да помогне да го најдеме. Таа звучеше смирено, спокојно и тотално незаинтересирано, рече Мартин.

Како што растеле сомнежите за Ангела, Мартин почнал да се распрашува по луѓе за нејзе.

-Едно девојче кое учело заедно во основно училиште со Ангела ми рече дека е многу ризично човек да се дружи со Ангела, бидејќи е спремна на се, па и на убиство, рече Јаневски.

За нејзиното друштво дознал дека биле уживатели на психотропни супстанци, дроги и се движеле во такви кругови.

Девојката на Мартин се распрашувала исто така преку заедничка пријателка, на која Ангела и порачала “зошто се распрашувате за мене, јас сум чиста, ширите навреди за мене”. Таа не сакала да прифати средба со другарот на Пино бидејќи немало што да разговараат.

Пред судот сведочеше и уште еден другар на Пино, Божидар Спасовски кој рече дека со Пино биле како браќа.

-Беше прекрасен човек и незаменлив, рече неговиот другар. Пино му ја имал покажано Ангела на слика, но во живо не ги видел.

Со овие сведочења заврши испитувањето на сведоци предложени од обвинителството и почна изведувањето на материјалните докази. Меѓу доказите беше прочитано и едно писмо на 11 страници со потпис Сатана, како што Ангела се потпишувала на Фејсбук.

Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа случаен минувач најде остатоци од неговото тело. За неговото убиство обвинет е Али Фуркан, кој е во бегство, а на обвинителна клупа е Ангела, која е обвинета дека го намила Пино да дојде била присутна на неговото убиство и заедно со Фуркан го закопале телото.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...