16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаЗоран Божиновски: Лила Филиповски треба да оди во затвор за сторено Кривично...

Зоран Божиновски: Лила Филиповски треба да оди во затвор за сторено Кривично дело – Лажно сведочење

spot_imgspot_img

Колку што јас се разбирам од сведочења во кривични предмети, а подоста се разбирам бидејќи последните години се изнаслушав сведоци што лажат, денешното сведочење на процесот од предметот ,,РЕКЕТ,, на ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА беше ЛАЖНО. А за лажно сведочење таа била предупредена пред да почне дека може да заглави затвор. Од сведочењето слушнавме дека популарната водителка и ИНФЛУЕНСЕРКА (ма што тоа да значи!), била донаторка на ,,1ТВ,, со 25.000 евра, а и позајмила 500.000 денари на БОКИ 13.

Вистината ја допрев во моето трагикомично гостување на ,,1ТВ,, кое требаше да личи на тв дуел меѓу мене и БОКИ 13, ама тој непримерено се возбуди при спомнување на трансферот помеѓу правното лице ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА, од 250.000 евра, па не ми дозволи повеќе да зборувам. Станува збор за НЕЗАКОНСКИ трансфер на пари, по договор ОДУ бр 385/2017 од 12 јуни 2017 година. СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА успеала претходно да ги измами сопружниците Даниел и Ена Норнилд, како нивно заштитно лице, да инвестираат 250.000 евра во проекти од ЕУ, слични на оние кои требало да бидат работени со СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ама се изјаловија. За овие инвестирани средства, сопружниците НОРНИЛД како градежници, за шест месеци требало да добијат проект вреден 3.058.000 евра, а провизијаод заработката требало да заработат ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА и СТЈЕПАН од Хрватска, за кој претпоставувале дека е БОКИ 13.

Криминалот се состои во тоа што ЛИЛА ФИЛИПОВСКА СТОЈАНОВСКА на 21 јуни 2017 во 16 и 18 минути, примила трансфер на лична сметка во СТОПАНСКА БАНКА Скопје, во износ од 13.500.000 денари, од правното лице ,,ДАН МАК,, Скопје, со сметка во СИЛК РОАД банката. НИТУ ЕДНА, ама баш ниту една институција во Република Македонија НЕ РЕАГИРАЛА на идната трансакција направена само 70 минути подоцна, кога во 17 28 часот ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА комплетниот износ од 13.500.000 денари го подигнала ВО ГОТОВО, а благајникот во СТОПАНСКА БАНКА Скопје во рок веднаш овој мега денарски износ и го конвертирал во ЕВРА. И исплатил на рака:

400 апоени од по 500 евра = 200.000 евра

90 апоени од по 200 евра = 18.000 евра

2 апоени по 100 евра = 200 евра

1 апоен од 50 евра = 50 евра

1 апоен од 20 евра = 20 евра

или 218.270 евра

Ама, тука не е крајот! ЛИЛА ,,цркала,,, вриштела и пиштела по НОРНИЛДОВИ дека изгубила на курсна разлика, па дополнително на 6 јули 2017 на сметката пак од ,,ДАН МАК,, примила 1.979.200 денари кои пак веднаш ги подигнала и ги конвертирала во 32.000, па така добила вкупно 250.270 евра, кои му ги предала на СТЈЕПАН од Хрватска. Според сите мои сознанија, ова се парите со кои е основан ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,, и со кои е организиран оној гламурозен собир во хотел ,,АЛЕКСАНДАР ПАЛАС,, во Скопје и пари кои се почетен капитал за ,,1ТВ,,.

За мене, индикативно е што Управата за финансиско разузнавање и Финансиска полиција овие трансфери ги ПРЕСПАЛЕ или пак некој моќен од сенка дал сигнал да се ќути и да не се реагира. Било кој смртник од Република Македонија да направи нешто слично, да прими или испрати пари, во десеткратно помал износ отколку овие 250.270 евра, веќе следните неколку часа ќе биде баран под земја и камен, приведен на распит и процесуиран. На ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА до денес баш никој ништо не и може, иако Даниел и Ена Норнилд за измама против неа поднеле кривична пријава и ова што ви го пишувам го навеле во содржината на пријавата.

Иронија на судбината е податокот дека НЕРЕАКЦИЈАТА на институциите довела подоцна до ова што денес си го викаме ,,РЕКЕТ,,. Она што ниедна институција не го спречила, денес на делчиња се процесуира, со тројца обвинети и сурија нивни соучесници кои на овој или оној начин се спасиле и или соработуваат и кодошат по кулоари или имаат политичка заштита поради примената на овдешното сфаќање на примена на селективна правда…

И денес не е доцна Управата за финансиско разузнавање и Финансиска полиција да почнат со расветлување на позадината на договорот на ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...