4 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонија''Нешто тука смрди'' 19 дена се трага по Марија, а нејзина другарка...

”Нешто тука смрди” 19 дена се трага по Марија, а нејзина другарка откри многу важна вест.

spot_img

Младата Марија Брзакова која е исчезната веќе 19 дена, имала семејни проблеми додека живеела во Швајцарија, каде што повеќе години работела во Пензионерски дом, и од каде се вратила во Македонија во септември минатата година, говори анонимно за Фактор преку допис по електронска пошта нејзина долгогодишна колешка и пријателка.

Откако Фактор пишуваше за случајот на младата Марија, до нашата редакција стигна мејл од нејзина пријателка, со која заедно работеле седум години во Швајцарија, во еден Пензионерски дом во таа држава.

Станува збор за мејл испратен од анонимна адреса. Пријателката на Марија, како што се претставува, а која се уште работи во Пензионерскиот дом, вели дека ова е од причина што таа „се плаши од одмазда од одредени кругови, но и стравува за својата работа“.

Фактор, заради големиот интерес на јавноста за овој случај, реши да го објави дописот и приказната во него, сепак, со доза на резерва дали станува збор за вистинити тврдења.

Пријателката на Марија во дописот раскажува дека младата жена имала семејни проблеми уште пред септември минатата година, кога со својот сопруг се вратиле да живеат во Македонија.

Како што наведува колешкта, таа дури случајот го испратила во еден швајцарски весник, точно на 10 септември лани, но како што вели, тие за жал, за него не покажале интерес. Истиот тој весник во изминатите две недели имал објавено неколку приказни за случаи на угнетување на младите жени од Балканот. „Овие написи ме загрижија, од причина што доживував таква неверојатна приказна токму во мојата близина“, стои во дописот.

Приказната, вели, почнала кон крајот на август.

„Марија, која е вработена во оваа институција и добра пријателка на многумина од нас, се врати од нејзиниот балкански одмор. Беше исцрпена и среќна што се врати на работа. Таа беше во Македонија со сопругот и малата ќерка“, раскажува жената.

Но кога се вратила, Марија, како што вели, на работа одела само два дена, и бидејќи била исцрпена, била испратена дома за да закрепне. Но, веќе третиот ден, таа пријавила дека е болна.

„Сосема нетипично за неа, таа не сакаше да каже каков проблем има. А мора да се каже дека тоа беше необично, бидејќи таа во институцијата важеше за многу добар, долгорочен и посветен вработен, и од сите беше многу ценета“, вели колешката.

Во наредните неколку дена, другите вработени од Пензионерскиот дом се обиделе да и напишат пораки и да и посакаат брзо закрепнување. Но Марија одговорила само на некои, што исто така, било многу нетипично за неа како за личност, бидејќи таа вообичаено на сите им вараќала на пораките веднаш, за само неколку минути.

„Почнавме да се грижиме. Мислевме дека нешто можеби се случило за време на празниците во Македонија, или таа навистина беше многу болна. Другите вработени кои се поврзани со неа не знаеја што се случува“, вели пријателката.

Кога наводно болната вработена требало да се појави на работа една недела подоцна, и таа повторно не дошла, загриженоста уште повеќе се зголемила. Тоа создало притисок врз раководството на домот за конечно да испитаат што се случува. Но, наместо ова да го проследат во полиција, тие почнале своја сопствена потрага.

Станот во кој живеела Марија, како што раскажува нејзината колешка, бил празен. Затоа, менаџерите на домот што ја вршеле приватната потрага, отишле во станот на нејзините свекор и свекрва. Таму се запознале со свекорот и ќеркичкта. Тој им рекол дека Марија е тука, но не сакала да контактира со колегите од работа. Менаџерите на домот, пак, му укажале на човекот дека нивната вработена мора правилно да се одјави од работа. Кратко по ова нив им се јавила Марија на телефон и им го повторила истото, дека е добра и дека сака да биде оставена на мира. На прашањето од менаџерите дали е навистина таа на телефон, одговорот бил дека „не знае“.

Потоа, без најава, во институцијата пристигнало официјално барање за прекинување на работниот однос. „Ова, исто така, беше едноставно прифатено од раководството. Единствената мерка што сакаа да ја преземат е да разговараат, за да ги дознаат причините“, вели пријателката.

Според неа, следниот ден се испоставило дека потписот на барањето не е на Марија, што се гледало со споредба од други потписи. Затоа случајот бил пријавен во полиција.

Полицијата ја побарала вработената и ја нашла повторно во куќата на нејзините свекор и свекрва. Но, дури и при нивната посета, таа кажала дека е добра и дека сака да остане сама. Истото тоа повторно му го кажала и на менаџментот преку телефон. Бидејќи тој повик очигледно бил многу дрзок кон менаџментот, тие веќе не сакале да се грижат за тоа прашање и само гледале како да излезат од конверзацијата.

„За жал, вистинската причина за исчезнувањето беше откриена во разговорот со еден од нашите вработени“, пишува колешката, додавајќи дека управата и другите институции не знаеле за тој факт.

За управата на институцијата веќе овој случај важел за затворен, и не се грижеле многу за фалсификуваниот потпис. Или, како што вели пријателката, ги затвориле очите.

„Приказната доаѓа до тажен заклучок кога раководството доби мејл дека вработената ја напуштила земјата, со сопругот и детето, и нема планови за враќање …“, пишува колешката.

Таа ни напиша и за кој Пензионерски дом се работи, чие име нема да го објавиме. А според неговата интернет страница, тој изгледа токму како швајцарски дом од соништата.

Во дописот има и други детали, претпоставки и сомнежи, но Фактор одлучи да не ги објавува, бидејќи сакаме да ја почитуваме приватноста на личностите во овој случај, но и да не и наштетиме на истрагата.

Оставаме можност и делови од дописот на пријателката на Марија да не се сосема прецизни, бидејќи, како што ни напиша, таа не го владее сосема добро Англискиот јазик.

Како што е познато, во случајот веќе се вклучи и Обвинителството на земјава, кои водат истрага, но не сакаат да обелоденат повеќе детали се додека немаат конкретни сознанија.

Н.Н.Ф. фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...