Не можете да ја промашите. Таа ќе биде единствената турско-македонска селанка во публиката преполна со ѕвезди во Долби театарот во Холивуд, вели Франс прес.
Додека „Медена земја“, „документарното ремек-дело“ во кое се појавува селската пчеларка, освои рекордни три награди на филмскиот фестивал „Санденс“, Хатиџе живееше во каллива камена куќичка без електрична енергија и протечна вода во дивините на Северна Македонија.
Сега кога тој стана првиот филм во историјата што добил номинации за Оскар, и за најдобар документарен филм и за најдобар филм на странски јазик, Хатиџе стана позната личност што холивудските ѕвезди ја застануваат на улица.
„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја запозна откако го гледаше филмот“, рече за Франс прес продуцентот на „Медена земја“ Атанас Георгиев.
Бидејќи 56 години живеела прилично среќно без телевизија, Хатиџе воопшто немаше слушнато за „Сексот и градот“, иако љубезно ѝ гледаше на кафе на воодушевената холивудска ѕвезда.
Кога Хатиџе отиде во Скопје за да го проба фустанот за Оскарите, ѝ беа потребни „20 минути за да помине 200 метри бидејќи толку многу луѓе сакаа да направат селфи со неа“, откри Георгиев.
„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Ќе мора некако да се справиме со тоа“, рече Георгиев.
„Антрополошки, не требаше да го сториме тоа“, вели Георгиев за холивудската авантура на Хатиџе, плашејќи се дека луѓето може да ја гледаат „како лав во кафез… Но имаше голем притисок од јавноста во Македонија“ таа да отиде на Оскарите.
И навистина, нема поголем контраст од осамениот живот на Хатиџе во Бекирлија, каде што ги негува своите диви пчели, секогаш земајќи само половина од медот, за на пчелите да им остане нивниот дел.
Таа и нејзината полуслепа мајка на умирање, Назифе, беа последните жители на напуштеното планинско село. Животот беше тежок, но мирен во овој заборавен агол на Балканот.
Сè додека нивните номадски соседи, Хусеин и Љутви Сем, не се доселија со своето непослушно стадо од деца, крави и кокошки.
Приказната што се расплетува во „Медена земја“ е таква совршена парабола на нашето време додека кукаме над планетата, што Њујорк тајмс ја прогласи за „најдобар филм на годината“.
Со осум гладни усти што треба да се хранат, Хусеин влегува во бизнисот со мед.
Но под притисок од локалниот трговец да произведе повеќе, тој го крши златното правило на Хатиџе да остави половина за пчелите, со катастрофални последици за сите.
Критичарот А.О. Скот ја поздрави „Медена земја“ како „епска еколошка алегорија од реалниот живот и, исто така, сурова комедија за вековниот проблем со непромислените соседи“.
Георгиев вели дека филмот не им паднал толку лесно од небо.
Снимањето траело три години, а режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кампувале во селото со своите сниматели додека да им се потрошат батериите – бидејќи на километри немало струја.
Бидејќи екипата не можела да го разбере староотоманскиот турски дијалект на кој таа зборувала со својата мајка, Георгиев ја направил првата верзија без да знае за што се зборува.
„Го правевме тоа по инстинкт, а потоа веднаш штом ги добивме преводите, се појави заплетот. Беше неверојатно“, рече тој.
Секогаш половина за пчелите
Георгиев сфатил дека имаат нешто многу поголемо од приказна за моралот на капитализмот.
Моментот на еурека дошол кога „Хатиџе рече дека половина од медот е за пчелите, а половина за неа. Ова беше најмоќната реченица“, рече тој.
„Приказната за мајката и ќерката е толку убава и речиси митолошка, но кај медот има конфликт, капитализам и консумеризам. Тоа навистина кажува нешто важно за светот“, додаде тој.
Уште од самиот почеток, Георгиев вели дека биле многу свесни за својата одговорност пред своите субјекти и екосистемот – и природниот и човечкиот – од кој потекнуваат.
Оттогаш тие ѝ помогнаа на Хатиџе да се смести во нов, топол дом близу нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“.
Си функционира фондацијата „Медена земја“ за неа, семејството Сем и за пошироката заедница, при што интернет-донаторите добиваат нешто од нивниот див „биолошки мед“.
А не дека Хатиџе е рустикална проста селанка.
„Таа е бистра, многу интелигентна и зборува четири јазици од различни јазични групи – турски, македонски, албански и влашки (аромански)“, вели Георгиев, кој дел од феноменалниот успех на филмот му припишува на „прекрасното срце“ на Хатиџе.
Но тој смета дека дел од магијата е заслуга на нејзината покојна мајка, „матицата на пчелите“.
„Мислам дека таа ни фрли магија на сите нас, да ја чуваме нејзината ќерка кога неа ќе ја снема“, рече тој.
мкд