7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаАмериканците нема да апсат за корупцијата, но ќе ставаат на „ѕидот на...

Американците нема да апсат за корупцијата, но ќе ставаат на „ѕидот на срамот“

spot_imgspot_img

Американскиот тим за санкции, кој дојде во Македонија со намера да ја расчисти корупцијата, нема да апси корумпирани функционери, но ќе ги искористи своите инструменти за притисок врз власта, преку нашите институции да се ослободи од „недопирливите“

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Фокус

Дијана Кајмаковиќ од 2008 година била обвинителка во посебниот оддел на Обвинителството на Босна и Херцеговина за криминал и корупција, а од 2019 година е именувана за заменик на главниот обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Во 2009 година учествувала на студиско патување во САД, односно се усовршувала во борбата против организираниот криминал и корупција според најдобрата меѓународна пракса.

Кајмаковиќ била член и на Работната група за изработка на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Босна и Херцеговина за борба против организираниот криминал во периодот од 2009 до 2012 година. Исто така, посетувала и специјализирана обука за работа во заеднички истражни тимови за Југоисточна Европа.

Официјалната биографија на оваа босанска обвинителка зборува за успешен обвинител, кој гони висок криминал и корупција. Но, сите овие успеси, обуки и случаи паѓаат во вода откако е фатена во аферата што ја тресеше Босна и Херцеговина – „Скајмаковиќ“.

Но, она што првпат се случува кај нас е доаѓањето на тимот од Вашингтон, кој, како што најави новата американска амбасадорка Анџела Агелер, ќе преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и ќе ги разгледа сите можни постапки.

„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, обвинителите да покажат дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.

Па, така примерот со босанската обвинителка Кајмаковиќ не е единствен, но е најблиску до она што се случува кај нас, а тоа е уништена доверба во правосудниот систем, корумпирано општество и „болна“ партизација.

Тимот беше кратко во Македонија, минатата недела си замина, но од амбасадата порачуваат дека се посветени да ги повикаат на одговорност тие што се вклучени во висока корупција и дека ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.

За повеќе детали на Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...