13.9 C
Ohrid
сабота, декември 2, 2023
ПочетнаМакедонијаПенов: Што е еден милион евра?!?

Пенов: Што е еден милион евра?!?

Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

– По мене тој спор е лесен и едноставен. Индивидуално е тежок за сите превозници, говорам за поединци кои не примиле плата, се истрошиле и се задолжиле. Инаку гледајќи го како проблем, еден милион евра за Градот, за ЈСП, не може да биде проблем и не може да биде мотив за да се блокира Скопје, и да се потрошат десетици милиони евра, да се упропастат кај трошоци што ги прават граѓаните преку повеќе потрошени горива за превоз, поголеми трошоци за стигнување до работно место, изгубени работни часови, изгубени бизниси, затворени дуќани или фирми затоа што не може да им пристапат клиентите, тоа се огромни штети, вели министерот.

Според него, оттука произлегува дека блокадите имаат политичка позадина и оценува дека протестот не бил насочен ниту кон ЈСП, ниту кон градоначалничката, туку бил насочен да ја растури политичката атмосфера во нашата држава и да го зголемува гневот и незадаволството на граѓаните кон Владата.

– Јасно се оцртуваат контурите на опозицијата, само таа може да има интерес од еден ваков спор. Бидејќи одговорноста која тие ја презеле пред скопјани за водењето на Градот, за водењето на ЈСП, им бега од раце, не можат да го решат проблемот, и се извлекуваат во еден процес во кој ни прикажуваат дека Владата треба да се инволвира и таа да го решава проблемот, потенцира Пенов во одговор на прашањето, која е политичката позадина на протестите.

Во однос на решение на проблемот, Пенов вели дека проблемот видливо се зголемува затоа што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги раскина договорите со превозниците.

– Доколку тие останат под политичкиот притисок, да не се пријават во новата форма на организирање на јавниот превоз, тие долгорочно ќе останат без своите работни места, без приходи за своите семејства и со тоа проблемот може да ескалира дополнително, посочи министерот Пенов.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...