13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМизрахи: И да бидам казнета, таблата не ја менувам

Мизрахи: И да бидам казнета, таблата не ја менувам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За министерката за труд и социјална политика не е проблем што таблата, освен што го има старото уставно име, е напишана само на македонски јазик, што е спротивно на Законот за јазици
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска повторно застана на прес-конференција пред таблата со старото уставно име Република Македонија и порача дека друга табла во Министерството нема, дека ниту видела вербална нота од Грција ниту, пак, стравува дека поради овој нејзин потег ќе биде казнета.
„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции“, рече Мизрахи додавајќи дека ниту размислува да постави банер со друго име ниту стравува од последици кон неа и кон државата за непочитувањето на обврските од Преспанскиот договор.
„Какви последици? Кон мене? Од твит? Па јас немам Твитер. Или од вербална нота? Новинари, вие сте писмени, проверете што тоа е вербална нота, која јас никогаш не ја видов“, изјави Мизрахи коментирајќи ги реакциите од Грција на неспроведувањето на Преспанскиот договор.

<

Мизрахи, одговарајќи на новинарско прашање, негира дека објавила стари фотографии од нејзината претходничка со старата табла за да покаже дека друга табла во Министерството не постои, иако проверката што ја направи „360 степени“ покажа дека тие се направени пред да стапат во сила Преспанскиот договор и уставните измени.

Исто така, Мизрахи беше прашана и зошто со старата табла го крши и Законот за јазиците, со тоа што на неа, освен старото име на државата, називот е испишан само на македонски јазик, Мизрахи само кусо одговори дека набавката на табла зависи од буџетот на Министерството.

„Ако кршам некаков закон, нека бидам казнета“, рече Мизрахи.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров викендов на прес-конференција соопшти дека стигнала протестна нота од Грција, откако техничката министерка за труд и социјална политика ја врати таблата со старото уставно име на државата. Според Димитров, Мизрахи ги загрозила и интеграциските процеси на земјата и побара таа да биде разрешена.

Премиерот Оливер Спасовски вчера рече дека ќе разговара со министерката Мизрахи за да се запознае со фактичката состојба, а ако увиди дека партиските интереси се ставаат пред државните, ќе преземе мерки.

360степени.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...