6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСудење -Боки се пожали на болки па му викнаа Брза Помош

Судење -Боки се пожали на болки па му викнаа Брза Помош

spot_imgspot_img

Јовановски се пожали дека е под седативи, дека одвај зборува дека трпи огромни болки во стомакот и дека вчера не бил прегледан од тм од лекари, како што наложил судот, туку го прегледал само еден дежурен лекар.

Јовановски денеска од судијката побара да се утврди неговата здравствена состојба врз основа на сите претходно направени, вкупно 60 прегледи, а таа му одговори дека ќе повика Брза помош во судот која по прегледот ќе утврди дали тој денес може или не да го следи судскиот процес.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски ѝ укажа на судијакта дека неговиот клиент е неконтактибилен и дека тој како бранител веќе 5 дена со него немал никаков контакт и дека денеска одвај може да го разбрее што зборува. Иако судијката сакаше да го почне денешното рочиште за „Рекет“ и рече дека денес ќе се продолжи со увид во останатите докази, таа сепак по упорноста на Дуковски и Јовановски одобри лекари пак да го прегледаат Јовановски.

На денешното рочиште Јовановски во судницата, спроведен од затворската полиција, влезе облечен во црно со очила и ги поздрави новинарските екипи.

По пауза од половина час и по одлуката на лекарскиот тим ќе се знае дали денешното рочиште за „Рекет“ ќе продолжи.

К.Д. мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...