26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаКонтролори во фондот за здравствено осигурување, земале мито од по 500 евра

Контролори во фондот за здравствено осигурување, земале мито од по 500 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.
-На 23.12.2019 година, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата обвинети како службени лица – контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, директно примиле имотна корист за себе и за друг во износ од 30.000 денари од оштетен сопственик и управител на приватна здравствена установа- наведуваат во соопштението од ОЈО Скопје.

<

Имено, од 16-19.12.2019 година во здравствената установа била извршена мобилна контрола, по што бил изготвен записник во кој биле констатирани неправилности при изготвување на образец за привремена спреченост за работа на еден пациент на кој оштетениот му бил матичен лекар.

По изготвувањето на записникот, една од обвинетите понудила да не биде изречена санкција за контролираното правно лице, а за возврат побарала парична награда – поткуп во износ од 30.000 денари. Од тој износ по 10.000 денари биле наменети за неа и за нејзиниот колега, како и за уште едно засега непознато лице, исто така контролор во Фондот за здравствено осигурување.

Според, сознанијата на ОЈО, вториот обвинет неколкупати телефонски го контактирал оштетениот, повторувајќи му дека треба да ја даде паричната награда за да нема последици за неговата ординација. Во еден од телефонските разговори тој го договорил времето и местото на средбата во ресторанот за да се изврши примопредавање на побараните парични средства.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог со кој побара продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети поради опасност од бегство, како и можност да го повторат делото што им се става на товар.

Извор: Јанаки Знае

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...