10.6 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторите давале се од себе да го спасат 14-годишното девојче, кое од...

Докторите давале се од себе да го спасат 14-годишното девојче, кое од раѓање боледувало од хронична енцефалопатија

spot_img

Детето од раѓање боледувало од хронична енцефалопатија, која дополнително го зголемила ризикот за ваквиот исход од инфекцијата…

<

Неделава има 3.600 новозаболени од грип што е најмногу досега, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училиштата за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.

Првата жртва од грипот во земјава е 14-годишно девојче, потврди д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, по информацијата добиена од Клиниката за детски болести, каде што вчера починало девојчето.

Детето од раѓање боледувало од хронична енцефалоптија, која дополнително го зголемила ризикот за ваквиот исход од инфекцијата.

Во моментов има 17 хоспитализирани деца, суспектни и болни од грип. Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

Кузмановска потенцира дека со оглед на тоа дека сезоната почна две недели порано годинава, вкупниот број заболени е за 60 отсто поголем од вкупниот број заболени во изминатата сезона.

– Имаме голем број тестирани во нашата лабораторија за вирусологија и молекуларна дијагностика. Вкупно 108 материјали се тестирани од кои дури 69 се позитивни (64 проценти). Во ист процент се и инфлуенца А и инфлуенца Б изолатите. Најчесто заболуваат лица на возраст над 65 години, а зафатеноста оваа недела од децата на возраст до четири години сега се преместува кај децата на училишна возраст односно на возраст од пет до 19 години. Инциденцата е највисока кај овие популациони групи. Вкупниот број заболени од сезонски грип оваа сезона изнесува над 10.700 заболени, рече д-р Кузмановска.

Одговарајќи на новинарско прашање таа истакна дека затворање на училиштата и на други институции каде има групирање на население од различни возрасни категории е една од мерките која е на располагање на јавно здравствените авторитети, меѓутоа засега не е донесена таква мерка, што не значи дека во иднина нема да има потреба да се донесе.

– Ја следиме состојбата да видиме недела, две како ќе се движи и доколку има потреба ќе биде преземена и оваа или некоја друга мерка која здравствените авторитети ќе сметаат дека е соодветна, додаде д-р Кузмановска.

Сезоната на грип е во полн ек, а најмногу на удар се децата. Температура и силна кашлица која трае подолго време се симптомите кои ги мачат пациентите. Болниците регистрираат зголемен број на болни со симптоми на грип, но посериозни случаи се задржани на Клиниката за инфективни болести од кои двајца пациенти се во одделот за интензивно лекување.

Девојчето имало и други заболувања, наведуваат лекарите.

слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги...

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...