19.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаПогледнете како изгледа сопругата на Мицкоски, и дознајте што работи таа..

Погледнете како изгледа сопругата на Мицкоски, и дознајте што работи таа..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Христијан Мицкоски е роден Скопјанец, Карпошанец, градско дете што би рекле Скопјани.

<

Сопруга на лидерот на Вмро Дпмне Христијан Мицкоски е Рози Мицкоска, која по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.

Таа е родена струмичанка, а во Скопје живее од 1996 година кога дошла и се запишала на студии. Со нејзиниот сопруг Христијан заедно се уште до студентските денови, а во брачните води запловија во 2005 година.

Нејзините соседи велат дека Рози, иако нејзиниот сопруг е лидер на најголемата партија, е останата ,,на земја”. Таа често може да се види во локалните маркети во населбата Влае, каде што живее семејството Мицкоски.

Таа е позитивна, харизматична личност, која без нималку возгордеаност застанува на муабет со секого кој ќе ја поздрави.

Инаку, Рози наскоро ја чека полна раце работа. Во нејзиното семејство покрај Бадник слават и именден на нејзиниот сопруг, кога традиционално, со погачка која е месена дома одат во соборниот храм да кршат лепче.

Како што таа самата во една пригода за Вечер изјави, јануари е месец на нејзиното семејство. Покрај Бадник и Именденот на нејзиниот сопруг, тие на 20 јануари го слават Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 – ти – Свети Антониј, кога е именденот на помладиот син.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...