12 C
Ohrid
понеделник, април 6, 2020
Почетна Македонија Македонски камионџија излетал од пат во Италија, а во приколката имал шверцувани...

Македонски камионџија излетал од пат во Италија, а во приколката имал шверцувани цигари од над 200.000 евра

Translate (Eng):[gtranslate]

Македонски камионџија бил вистински малер, па завршил во болница откако излетал од автопат во Италија, но да биде несреќата уште поголема, полицијата во превртениот камион пронашла шверцувани цигари вредни над 200 илјади евра.
Несреќата се случила во понеделникот на автопатот А13, на делот меѓу Алдедо-Малбербего во Северна Италија.
Тогаш од непознати причини камионот ја пробил банкината и излетал од коловозот. Возилото со приколката се превртело, а воачот Б.М.(57) бил тешко повреден ипренсен во болницата во Ровиго.

Откако го извлекле возачот, полицајците го прегледале товарот расфрлан околу камионот. Во купот расфрлени огревни дрва имало картонски кутии, иако, според документите, камионот превезувал само дрва.

РЕКЛАМА

 

По детелно разгледување било утврдено дека станува збор за 250 штеки цигари во товарот и уште 213 расфрлани по асфалтот, сите од марката „Реџина“ која не се дистрибуира во Италија.

Според полицијата, станува збор за ефтини цигари прозиведени во Источна Европа и наменети за црниот пазар, а какви и претходно биле запленувани.
Камионот, кој дрвата ги транспортирал од Македонија за Италија, заедно со стоката се запленети, а возачот е под истрага на обвинителството.

24инфо.мк

- Реклами -