22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата одлучи да купи сапун за училиштата и градинките за борба...

Владата одлучи да купи сапун за училиштата и градинките за борба против Корона вирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата на денешната седница му наложи на Министерството за здравство (МЗ) итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градински и јавните тоалети.

<

Истовремено ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, но и да се организираат едукативни часови за превенција од корона вирусот. Кон установите за згрижување на деца од предучилишна возраст упати препорака да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

Алармот за потребата од превентивни мерки за заштита од коронавирусот доаѓаат по сознанијата за голем број заболени во северниот дел на Италија. Вчеравечер на Инфективната клиника во Скопје се пријавил  италијански државјанин со сомнеж за коронавирус, но тестовите биле негативни. Негативен е тестот и кај вториот пациент, кој по шестдневен престој во Дубаи пристигнал во земјава, а кој денеска беше примен на Инфективната клиника во Скопје, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче претходно упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија, а додава дека веќе е воведена контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја.

„На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба“, соопштија од МЗ.

На Скопскиот аеродром, поставена е термална камера со која се следат сите патници кои пристигнуваат, додека на аеродромот во Охрид со безконтактен пиштол за мерење на телесната температура се прави скрининг на патниците кои пристигаат од ризични дестинации.

Патниците кои што доаѓаат од критичниот регион во Северна Италија, се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини и тоа: Богородица, Блаце, Деве Баир на Табановце и Ќафасан.

„Доколку има некој заболен со корона вирусот, тој се спроведува по соодветен пат од Здравствениот дом во Скопје со подготвен тим до Инфективната клиника во Скопје, каде постои еден дел за изолација, односно доколку е потребен и карантин. Доколку има патници коишто треба да се опсервираат и да се пратат, за тоа се подготвени инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, како и инфективните одделенија во болниците во Велес и во Гостивар, по потреба, во зависност од тоа колку граѓани ќе треба, ако воопшто треба да се опсервираат“, информираше министерот Филипче.

Вирусот за прв пат се појави во декември минатата година во Кина, каде досега починале околу 2.664 луѓе, додека над 80.000 луѓе низ светот се заразени.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...