16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСтатистиката покажува дека повеќе луѓе умираат во Македонија отколку што се раѓаат

Статистиката покажува дека повеќе луѓе умираат во Македонија отколку што се раѓаат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Природниот прираст во земјава во четвртиот квартал од 2019 година е негативен и изнесува минус 49, односно за толку бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, објави Државниот завод за статистика.

<

Во најголемиот дел општини има негативен прираст. Во Битола минус 127, Прилеп минус 81, Охрид минус 51, Штип минус 43, Гевгелија минус 39, Кичево минус 35, Делчево минус 23, Куманово и Велес, Македонска Каменица и Кратово минус 18, Пробиштип минус 16, Демир Хисар минус, Крива Паланка минус 10….

Во скопските општини негативен прираст има во Гази Баба од минус 60, Карпош минус 49, Крисела Вода минус 41, Ѓорче Петров минус 34.

Позитивен прираст има во Тетово 113, Студеничани 80, Струга 43, Липково 38, Желино 22, Илинден 11, Зелениково 10, Долнени 14 и во Скопје девет.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0,5 отсто и изнесува 5 103 живородени деца.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 1,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 5 152 лицa, а од нив 32 се умрени доенчиња.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5,2 отсто во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 381 брак. Во последниот квартал лани се регистрирани 592 разведени брака.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...