8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаСветОд овој Бугарин се плашат сите мигранти: Откако купив тенк ниту еден...

Од овој Бугарин се плашат сите мигранти: Откако купив тенк ниту еден мигрант не сака да стапне во Бугарија.

spot_img

Самоповикан „ловец на мигранти“! Динко Валев организирал цели банди кои патролираат и буквално ловат илегални мигранти по Бугарија. 30 годишниот Велев кој за таа цел набавил две оклопни возила, ова го нарекува спорт!

<

 

Валев со тенковите партолира по непристапните подрачја околу градот Јамбол во близина на границата со Турција.

Вели дека реакциите на граѓаните се позитивни па се обидува да регрутира повеќе луѓе кои ќе ја продолжат неговата „операција на одмазда“.

Тој уште бара и бугарската влада да го спонзорира и да му плати за секој фатен мигрант. За него мигрантите се џихадисти.

– Би го опишал тоа како еден облик на спорт. А за спортистот не можете да кажете дека е насилен – вели Валев.Резултат со слика за Динко Валев

Валев има и помош – луѓе со велосипеди и кучиња се пријавуваат да се вклучат во „ловот на мигранти“ а некои тоа го прават на коњи, како и самиот Валев.

Хелсиншкито комитет за човекови права овој човек го смета за криминалец а неговите акции за незаконски, и бара полицијата да ја прекине соработката со него.

– Неговите жртви се мажи, жени и деца кои бегаат од Сирија. Валев призна дека знае да ги повреди тие луѓе. Еднаш ги натерал да легнат на стомак на земја и половина час им се заканувал со смрт. Во друг случај се фалел дека ловел еден маж со часови додека конечно не го фатил. Постојано ги навредува бегалците. Уште повеќе загрижува што бара владата да го финансира. Тој не само што шири страв од мигрантите во бугарското општество туку за тоа бара и поддршка – велат од Хелсиншкиот комитет.Резултат со слика за Динко Валев

Но, 2 000 луѓе веќе потпишале петиција за поддршка на Валев.

– Немаме држава да се грижи за Бугарите. Време е Бугарите да се обединат. Горд сум на тоа што го прави Динко – вели еден од поддржувачите.

– Ни требаат повеќе луѓе како што е Динко. Членовите на Хелсиншкиот комитет треба да се стават во затвор а не Динко, предавници! – вели друг.

Профилот на Валев на Фејсбук е преполн со пораки за поддршка.

За бугарската државна телевизија Динко Велев изјави дека почнал со патролите по лично доживеано трауматично искуство. Го нападнале мигранти кога бил сам, сакале да му го земат моторот и извикувале „Алах“.

– Јас ништо не организирам, само ги повикувам луѓето да ми се придружат – вели тој и додава дека секој мигрант што ќе го фати го предава на полицијата.

Полицијата не го попречува ниту пак некој досега го пријавил Валев за нелегални активности.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него,...