13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСопружници од Дебар заразени од корона вирусот.

Сопружници од Дебар заразени од корона вирусот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двата нови потврдени случаи на лица заразени со корона вирусот се сопружници од Дебар едниот на 62, другиот на 68-годишна возраст кои во нашата земја стигнале од Бреша, Северна Италија на 27 февруари. Тие со поблаги симптоми на 2 март се јавиле на матичен лекар, но тој не препознал индикација да се направи тест на корона вирусот, и ги пратил на домашно лекување. Денеска тие се јавиле сами во болницата во Дебар каде им се земени брисеви за да се направат тестовите. Во земјава допатувале со автобус со уште 40 патници, кои се идентификувани и ќе им бидат направени проверки.

<

Вечерва, како што информира министерот за здравство Венко Филипче, пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствениот дом Скопје во Инфективната клиника каде што дежурната екипа е подготвена да ги пречека. Нивната состојба, како што посочи Филипче, е стабилна, имаат сосема лесна клиничка слика, лесна форма на горнореспираторна инфекција, односно на грип.

-После влезот на границата од автобусот патници се симнувале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Тогаш патниците немале никакви симптоми и за првпат со сосема лесни симптоми се јавиле 2 март, во понеделникот на матичниот лекар кој не препознал индикација да се направи тестот за корона вирусот, ги пратил на домашно лекување за да денеска се јават во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар. Тука е поставена индикацијата согласно симптомите кои што се развиле во текот на вчерашниот ден. Земени се брисеви и денеска беа направени тестовите, рече на вечерашната прес-конференција министерот за здравство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...