27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПрофесорите од Економски факултет што бараа од студентките орално задоволување или однос,...

Професорите од Економски факултет што бараа од студентките орално задоволување или однос, за добра оценка денес завршија во затвор.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорите на Економски факултет Бобек Шуклев, Драги Јанев и Славе Ристески денес од судот беа прогласени за виновни поради примање на поткуп, а Драган Денковски беше осуден за давање на поткуп.

<

Шуклев е осуден на казна затвор од 2 години за примање на поткуп, Јанев за секое кривично дело по 2 години (за примање поткуп и примање награда), па му беше изречена казна од 2 години и шест месеци.

За обвинетиот Драги Јанев судот кажа дека исто како Шуклев барал се*суални услуги од студентки за да пише преодни оцени.

Обвинетиот Ристески исто така доби казна од 2 години и шест месеци, односно по 2 години за секое кривично дело.

Драган Денковски доби казна затвор од по 10 месеци за секое кривично дело, па му беше изречена алтернативна мерка која нема да се изврши доколку обвинетиот за 5 години не го повтори делото.

Обвинетиот Стојан Дебарлиев беше ослободен од обвинение за злоупотреба на службена должност.

Судот на обвинетите професори им изрече и мерка забрана за вршење на професијата во времетраење од 10 години, а на Денковски во траење од 5 години.

Предметот е отворен во јуни 2016-та година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...