27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаИстражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата...

Истражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата Истражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тимот на новинари и продуценти на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛзапочна со реализација на проектот „Мобилни редакции“, што до крајот на мај оваа година ќе се спроведува во три региони во земјата: полошкиот, североисточниот и југоисточниот. Основната цел на овој проект е да се истражи корупцијата на локално ниво, преку непосредна комуникација со граѓаните во тие средини, со помош на слободното, истражувачко новинарство.
Истражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата.

<

Мобилна редакција на тимот на ИРЛ прво ќе го посети североисточниот регион, а ќе биде стационирана во Крива Паланка,од каде во следните две недели ќе се истражуваат корупциски темикои ќе бидат иницирани од локалното население.Утре (вторник, 10-ти март 2020) во овој град ќе биде организиран и отворен ден за граѓанитена кој ќе присуствуваат и претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Државниот ревизор и на локални невладини организации.

На почетокот на април, мобилната редакција ќе се префрли на полошкиот регион, во Тетово, а на почетокот на мај ќе биде поставена во Струмица на југоистокот од земјата. Повеќе информации за целиот проект може да се добијат и преку видеата кои се поставени на овие линкови: Бори се со нас: https://irl.mk/irl-doaa-vo-vashite-gradovi-bori-se-so-nas/ Мобилни редакции: https://www.facebook.com/IRLMacedonia/videos/3261317060759547/ Монопол: https://www.facebook.com/IRLMacedonia/videos/879649252473641/ „Убедени сме дека овој проект ќе придонесе кон остарување на континуирана мисија на ИРЛ за враќање на довербата во слободното, истражувачко и аналитично новинарствоза да може тоа да им помогне на граѓаните да дојдат до точни и релевантни информации за состојбите во сферата на корупцијата, криминалот и владеењето на правото“, објаснува раководителката на тимот на ИРЛ, Сашка Цветковска.

„И преку овој проект сакаме да покажеме дека медиумите се вистинските чувари на демократските вредности и заштитник на јавниот и граѓанскиот интерес“, вели Цветковска.

Во целокупната имплементација на проектот, како и во самиот процес на создавање на истражувачки новинарски стории, ИРЛ ќе соработува до голем број граѓански организации, кои долги години работат на национално и локално ниво на теми поврзани со корупцијата и нејзиното сузбивање, со локалните канцеларии на Здружението на новинарите, како и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот ревизор и Канцеларијата на Народниот правобранител.

Тимот на истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е составен од истакнати новинари и други медиумски и комуникациски професионалци со долгогодишно искуство. Здружението е основано со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OrganizedCrimeandCorruptionReporting Project – OCCRP) која претставува истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на ИРЛ www.irl.mk,како и профилите на социјалните мрежи: www.facebook.com/IRLMacedonia/; www.instagram.com/irlmacedonia/и www.twitter.com/IrlMacedonia
Истражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата | opserver.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...