6.2 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинителството ја отфрли кривичната пријава против водителката Лила Стојановска

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против водителката Лила Стојановска

spot_img

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против водителката Лила Стојановска, a која ја поднесе градежната фирма „Дан-Мак“. Од компанијата обвинуваа дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти, а Стојановска тврдеше дека парите се вратени до последниот денар, за што приложи и уплатници.

Од Скопското јавно обвинителството за “Фокус” ја потврдуваат информацијата.

-Во поглед на кривична пријава поднесена на 3 април 2018 година од правното лице Изградба инженеринг Дан-Мак ДООЕЛ Скопје против лицето за кое прашувате, а за сторено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ве известуваме дека Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност, ни одговорија од Обвинителството.

Оттаму во детали појаснуваат за постапувањето на обвинителството.

-Кривичната пријава се однесуваше на склучен нотарски акт помеѓу пријавената и одговорните лица од правното лице, а се однесува на Договор за уредување меѓусебни односи помеѓу автор и коавтори за изготвување на проект – Интернационална асоцијација за заштита на човековите права. Со договорот пријавената се обврзува да изготви проект за заштита на човековите права, за кој проект оштетените да и исплатат 259.450 евра. Како добивка од реализација на проектот во договорот било предвидено оштетените, инаку коавтори во договорот, да остварат добивка од 3.580.000 евра. До реализација на проектот не дошло. Пријавената уплатение парични средства преку банкарска сметка, како што и биле уплатени од страна на правното лице, така истиот паричен износ преку банкарска сметка ги уплатила и ги вратила на правното лице.

Паричните средства од страна на правното лице на пријавената и биле уплатени преку три исплати во текот на јуни и јули 2017 година. Пријавената ги вратила паричните средства на правното лице во јануари 2018 година.

Пред да биде одлучено по поднесената кривична пријава, јавниот обвинител направи проверки и презеде повеќе истражни дејствија, при што беа испитани оштетените и пријавената, беа направени проверки и во однос на извршените уплати кај извршител и банка. Во поглед на движењето на паричните средства од правното лице кон пријавената и обратно, обвинителството направи проверки во Управата за финансиско разузнавање при Министерството за финансии и во Управата за јавни приходи. Во предметот беа доставени и други докази од страна на оштетените и од пријавената.

fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...