4.4 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаИницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пасошите и возачките дозволи, пристигна до Уставниот...

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пасошите и возачките дозволи, пристигна до Уставниот суд,

spot_img

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за патните исправи и за безбедност на сообраќајот пристигна до Уставниот суд, потврдија оттаму за Сител. Но, кога и дали ова точка ќе се најде на дневен ред се уште не се знае.

<

„До Уставниот суд е пристигната иницијативата за која прашувате. Со оглед на фазите на постапките кои се предвидени во Деловникот на Судот, во овој момент единствено може да потврдиме дека е добиена иницијативата, понатаму согласно членовите 15 и 16 од Деловникот, ќе се прегледува дали формално-правно ги исполнува сите елементи за да биде распределена на работа кај судија и советник на Судот и да почне фазата на претходна постапка со испитување на наводите и прибирање на мислење, како и анализа на уставно-судската пракса. За следните чекори на Судот ќе ве информираме во текот на утрешниот ден “

Претставките ги поднесе портпаролот на опозициската партија, за проценка на уставноста на членот 3 за Законот за патните исправи и членот 5 за Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе решение за времена мерки, што во пракса значи судот да го запре извршувањето на оспорените членови на законите, се’ до одлучувањето дали се тие уставни или не.

Уставниот суд до сега покажал ажурност за носење на одлуки и очекуваме тоа да се случи и сега. На тој начин ќе се надмине оваа криза којашто е предизвикана од неспособноста на власта, намерна или ненамерна.

Во меѓувреме се крои и друго решение. Според најавите на Ковачевски, на утрешната владина седница се очекува да се отвори расправа за донесување на законски измени на законот за лични карти и на законот за патни исправи. Но, за тоа дали оваа точка ќе се најде на дневен ред, од Влада не ни одговорија.

Доколку Владата се јави како предлагач на овие законските измени, а бидат изгласани во Собрание, граѓаните ќе имаат време повеќе месеци за промена на личните документи

Од Демократски сојуз побараа од надлежните да понесат одговорност за гужвите пред пунктовите.

Од МВР утрово соопштија дека граѓаните кои поседуваат лична карта со назив „Република Македонија“, ќе може да ја користат и по 12 февруари, но само во внатрешноста на државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...