32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВерниците ги наполнија џамиите: Нема опасност Алах ќе не заштити од болести.

Верниците ги наполнија џамиите: Нема опасност Алах ќе не заштити од болести.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Дојди на молитва, дојди на спасение“. Доволен е овој повик за верниците да дојдат на молитва.

<

Тоа се случува независно од апелот на властите во земјава да не се прават јавни собири, вклучувајќи ги и џамиите. По пропишаниот абдест, односно ритуалиот за хигиена, влегоа во џамија…Си ги заземаа местата според верските правила, еден до друг. Иако не ги зедоа превид препораките, сепак се погрижија за хигиената. Не само поради пандемијата со коронавирусот, но и поради универзалните пораки на Исламот.

“Да се свртиме кон зборот на пророкот „Нека е мирот и спасот Божји со вас“. Чистотата е половина од верата. Како и да е, ние како народ на пророкот Мухамед чистотата ја оставивме настрана, ослабнавме по ова прашање, но и покрај тоа, верата не’ прави да бидеме чисти“.

Заедно на молитвата повторуваа „Аллах е најголем“
Петочната молитва не ги наполни само џамиите, туку и чајџилниците.
Речиси сите повозрасни рекоа дека излегле заради молитвата.

-Излеговме заради молитвата денеска, и потоа одам дома.
ТВ21: Не мислите дека е опасно да дојдете на молитва?
-Не, каква опасност, нема опасност!
ТВ21: Како се штитиш?
-Јас? Со ништо, со абдест.
ТВ21: А вие чичко?
“И јас со абдест. Се подготвивме за на молитва“.
-Само за молитва. Потоа одиме дома….друго нема
ТВ21:Само за петочната молитва или и за другите?
-Само петочната молитва, другите молитви дома.

Видовме еден продавач како работи со ракавици. Рече дека не работи поради коронавирусот, но дека ќе оди во џамија заради петочната молитва.

-Да, со ракавици. Но не се штитиме од коронавирусот.
Тв21: Од што се штитите?
-Земав абдест.
-Го затворивте дуќанот за да одите на молитва?
-Да, за на молитва, со Аллах напред. Нема бре коронавирус, тоа е како и секогаш. Секоја година имаме вирус, една година имаше птичји грип, свински. Секоја година има вируси.
Продавач
Каква инфекција бре. Каде има инфекција, тоа е бизнис. Никој не се разболел. Обичен грип, секој може да го има.
ТВ21: Мислите дека абдестот може да ве заштити?
-Охоо, 100 проценти.

Откако почна повикот за молитва, дуќаните се затворија…
Скопското муфтиство не мисли дека треба да донесе фетва, или во исламската вера познат како одлука, за откажување на петочните молитви. Според муфтијата Ќенан Исмаили од џамијата Араста, случаите со коронавирус се изолирани.

„Имајќи предвид дека петочната молитва не може да се изведува индивидуално, задолжително е да биде колективна, тоа ќе продолжи. Случаите се такви, изолирани се во нашата земја. Се додека вирусот е во оваа состојба, ќе продолжи во оваа форма, на овој начин. “, вели Исмаили.

Од таму велат дека доколку се прошири вирусот во земјава или почне да се шири меѓу граѓаните, тогаш ќе донесат одлука за откажување на петочните молитви.

тв 21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...