7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПоранешен советник на Груевски – кандидат за министер во владата на Ковачевски

Поранешен советник на Груевски – кандидат за министер во владата на Ковачевски

spot_img

Азир Алиу – кандидатот за министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците бил советник на Никола Груевски додека тој беше шеф на Владата.

Ова го пишува и во неговата биографија, во која, меѓу другото, Алиу навел дека од 2013 до 2017 работел како советник за високо образование, наука и ИКТ во кабинетот на премиерот, пишува „360 степени“, повикувајќи се на биографијата што ја поднесе Ковачевски до Собранието.

Во тоj период премиер беше Никола Груевски кој е осуден, но за да не оди во затвор избега во Унгарија.

Од друга страна, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во повеќе изјави во последно време зборува дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и останата во времињата на Никола Груевски.

Дури го споменува и во денешната реакција: „Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите“.

Кандидат за министер за здравство е Фатмир Меџити специјалист невролог од државната клиника. Тој бил член на управниот одбор на фондот за здравствено осигурување а има искуство и во министерски кабинет за здравство во 2017 кога бил советник на министерот, односно во краткиот период кога Таравари беше министер. Меџити е член и на Лекарската комора, македонско лекарско, невролошко друштво и на Европската академија за неврологија.

На местото на досегашниот министер за правда, Никола Тупанчески, кој е универзитетски професор, ќе дојде Кренар Логан како, досегашен член од ДИК.

Во својата биографија има наведено дека има долгогодишно искуство во областа на правото, имал работно искуство на повеќе раководни позиции како во државното правобранителство и Општина Струга, а 2007 до 2008 година е заменик директор на Финансиска полиција. За него опозицијата денеска објави дека е брат на осомничен за убиството на стружанецот Дилавер Бојку.

Од партијата веднаш демантираа и на ВМРО-ДПМНЕ им порачаа дека не го вперуваат прстот во нивните министри, затоа што се чисти како солза.

Предлогот за реконструкција на Владата, премиерот го достави до Собранието и за во понеделник е закажана седница.
Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...