10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСеди си дома: А1 подарува 10GB мобилен интернет и дополнителни бесплатни TВ...

Седи си дома: А1 подарува 10GB мобилен интернет и дополнителни бесплатни TВ канали

Соочени со предизвикот кој е пред сите нас поради состојбата со COVID–19, А1 Македонија во знак на поддршка на сите свои корисници, со цел да го исполни со содржини секојдневието, кое е многу поразлично од она на кое сме навикнати, овозможува дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници и 7 филмски и детски ТВ канали, достапни бесплатно за сите корисници на телевизиските услуги.

Kорисниците ќе можат да го активираат мобилниот интернет преку апликацијата Мојот А1, која можат да ја преземат од Play Store или App Store доколку сè уште ја немаат инсталирано. Постпејд корисниците имаат можност доделениот интернет да го користат 30 дена од денот на активирањето, додека припејд корисниците 7 дена. Интернетот е достапен преку мобилната мрежа на А1 Македонија и може да се активира до 31.03.2020 година. Сите наши телевизиски корисници до крајот на месец март ќе можат бесплатно да ги гледаат најдобрите филмски ТВ канали: CinestarTV Premiere 1 и CinestarTV Premiere 2, како и детските ТВ канали Nickelodeon, Nickelodeon Jr, Cartoon Network, Boomerang и Baby TV, информираат од А1 Македонија од каде додаваат дека како компанија која го поттикнува дигиталниот начин на живеење, им овозможуваат на своите корисници непречено управување со сите телекомуникациски услуги преку дигитални платформи: Mојот A1, електронска сметка, електронско надополнување на кредит за припејд, 24/7 часа online поддршка и нашите профили на социјалните мрежи.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...