20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДипломатска победа, Советот на Европа утврди дека нема дискриминација врз Бугарите во...

Дипломатска победа, Советот на Европа утврди дека нема дискриминација врз Бугарите во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По долга и жолчна расправа во Стразбур, Комитетот на министри на Советот на Европа на денешната седница ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.

<

Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, Комитетот на министри во целост ј прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи, што во дипломатскиот речник се смета за голема извојувана победа на македонската дипломатија.

Она што стана видливо во изминатиот период беше агресивниот пристап на бугарската дипломатија која беше ставена во полн погон да обезбеди амандманско адаптирање на резолуцијата, што, пак, би претставувало основа за натамошни дипломатски активности кај европските земји. Со одбивањето буквално на сите амандмани, Бугарија доживеа дипломатски дебакл, во кој се зацврсти позицијата на Северна Македонија, како земја со високо ниво на заштита на малцинските права на заедниците.

Денеска усвоената резолуција е подготвена од тим на експерти на Советот на Европа кој во изминатиот период престојуваше во Северна Македонија да ги евалуира тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата.
Центар.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...