17.9 C
Ohrid
петок, јули 18, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаВирусот се пренесува и преку асфалт и обувки, младите се пренесувачи, најкритична...

Вирусот се пренесува и преку асфалт и обувки, младите се пренесувачи, најкритична група се повозрасните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека се подготвени на секое можно сценарио.
-Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.
Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.
-Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме момче и од 15 години. Во таа смисла ги обезбедивме капацитетите, посебно за деца и возрасни. Околу 30 отсто од вкупниот број на заболени што се на поголема возраст се на машина за дишење, но добар дел од ширењето е од младите луѓе, изјави Филипче.
Британската влада бара 5. 000 машини со кои не располагаат, па реакциите на прозводителите не се оптимистички. Кое е вашето предвидување. Каква е ситуацијата кај нас?
-Ние вчера по состаноткот донесовме одлука дека сите капацитети мора да се на располагање на државата. Вкупниот број на машини се над 11/115 во сите јавно здравствени установи во држвата. Над 85 се во Скопје. Во приватните може да сметаме на близу 80. Оваа недела сега завршува постапката стигнуваат уште 50, има шанса да обезбедиме уште 50 од недела до 10 дена. Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, рече министерот.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за...

Прерана загуба во Охрид – збогум учениче со светла насмевка

Тешко е да се најдат зборови што ќе ја опишат болката од прераното заминување на нашиот драг ученик. На само 16 години, засекогаш не’ напушти...

Време е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување, вели митрополит Агатангел

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да...

10 милиони се уште не се распределени од Црвен крст за настраданите во Кочани.

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот диско клуб „Пулс“ и сè уште не се целосно исплатени финансиите што се собираа од граѓаните кои...