16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАД ЕСМ со хуманитарна помош за жителите на Дебар.

АД ЕСМ со хуманитарна помош за жителите на Дебар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

АД ЕСМ во соработка со Синдикалната организација на компанијата и Синдикатот на РЕК Битола испрати хуманитарна помош за Дебар. Подготвени се 1.000 пакети со неопходни прехранбени производи и производи за лична хигиена. Во секој од пакетите има по 25 килограми брашно, шест шишиња зејтин, 6 килограми шеќер, шест пакетчиња макарони, 20 ролни тоалетна хартија, по две заштитни маски и средства за дезинфекција на раце. Вкупната вредност на хуманитарниот конвој изнесува околу 3 милиони денари.

<

,,Во овие кризни времиња, кои не потсетија колку е скапоцен животот и здравјето на секој од нас, АД ЕСМ се надева дека хуманитарната пратка ќе ги ублажи последиците од кризната состојба во Дебар и Центар Жупа. Во Дебар е седиштето на нашата хидроцентрала Шпилје и чувствуваме и морална одговорност да помогнеме. Општествената одговорност на АД ЕСМ многу пати досега била потврдена, а со овој гест ги охрабруваме и останатите компании, државни и приватни, секој во рамките на своите можности, да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба.”-изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, при испраќањето на хуманитарната помош, која тргна од Битола.

Помошта во Дебар ќе ја преземе градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со оперативниот кризен штаб за градот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...