26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПоради корона вирусот затворен и одделот за трнасфузиологија во Охрид.

Поради корона вирусот затворен и одделот за трнасфузиологија во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неколку дена под карантин е одделот за трансфузиологија, сместен во кругот на охридската општа болница, а сите вработени се во самоизолација. Станува збор за неколку вработени, лекари и друг медицински персонал, дознава „Алсат“.

<

Според порталот причина за ова е што прво заразениот од корона вирус во Охрид,поминал низ ова одделение,односно му биле земени анализи од крв.

Поради неработењето на оделението за трансфузија во Охрид, сите итни случаи за анализи за крв се препраќаат во Центарот за дијализа во Струга. Неофицијално одделот не работи од петокот.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид не кажале за колку точно луѓе вработени станува збор. Само рекле дека кога ќе им помине времето за самоизолација ќе биде утврдено дали ќе биде потребно да им се направат дополнителни проверки и анализи.

Во охридско – струшкиот регион 549 лица се во самоизолација. Од нив 149 се во Охрид,а 137 во Струга. Кичево-99 и Дебар-164.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...