12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаСветСветот падна на колена пред Кина: Германците се молат за помош од...

Светот падна на колена пред Кина: Германците се молат за помош од Кинезите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Германскиот политичар Штефан Пуш ја повикал Кина да помогне.

<

Администраторот на германскиот округ Хајснберг и член на владејачката ЦДУ, Штефан Пуш, ја замолил Кина за помош во борбата против коронавирусот.

Пуш во отворено писмо до кинескиот претседател Си Џинпинг ја замолил Кина за помош во заштитна опрема, бидејќи резервите на заштитни маски и кецели се при крај.


Тој во писмо проследено до кинеската амбасада во Берлин потсетил дека властите во Кина во борбата против коронавирусот постојано истакнувале колку е важно да се има доволно заштитна опрема.

“Доколку кризниот штаб и болниците не можат да набават доволно заштитна опрема тука, што е многу тешко, тоа би имало многу тешки последици по здравствениот систем на округот Хајнсберг и сите граѓани. Како администратор ја молам Кина за помош”, се наведува во писмото.

Тој нагласил дека лекарите во Кина имаат најголемо искуство во борбата со епидемијата и дека размената на стручни искуства би била корисна.

Со повеќе од 1.000 заразени и 21 смртен случај, овој округ на територијата на покраината Северна Рајна Вестфалија е соочен со голем проблем.

Пуш нагласил дека би можел да замисли и создавање на партнерство на германскиот округ со кинеската провинција Вухан, која била жариште на инфекцијата во таа земја.

Откако го објавил отвореното писмо, му се јавил генералниот конзул на Кина во Дизелдорф и му понудил помош.

“Убаво разговаравме и ни ја понуди својата помош”, пренел Пуш во видео пораката која ја објавил.

Тој истакнал дека генералниот конзул му рекол да му пренесе какви потреби има, и дека тој ќе тоа ќе го проследи понатаму, а дека Кинезите ќе направат се што можат да помогнат.

точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...