17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Сите знаеме дека пикот ќе е за еден месец, па затоа...

Заев: Сите знаеме дека пикот ќе е за еден месец, па затоа најдобро е да има избори во Јуни.

Најоптимистичко сценарио е изборите да се одржат во јуни доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец, мај, така што јуни би можело да се одржат избори, но сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на емисијата 360 степени.

Заев посочи дека секое лицитирање со датуми би било погрешно и дека е можно било кој месец од јуни до последниот датум 11 декември, но, според него, тоа сега не може да се предвиди со сигурност. Заев смета дека доколку се оддржеа изборите на 12 април СДСМ ќе победи.

-Сите анкети кои беа направени во февруари, пред да започне коронакризата покажаа дека СДСМ заедно со коалицијата води со 4-5% пред опозицијата. И доколку се оддржеа изборите на 12 април анализите покажуваа дека дефинитивно победуваме. Но, нема поважно од здравјето на луѓето, како и санацијата на економските последици, затоа датумот за избори ќе биде одлучен по завршувањето на кризата, истакна Заев на интервјуто во ТВ Алсат.

Претседателот на СДСМ Заев потсети на успехот на неговата партија која, како што рече, за две ипол години се исполнија две стратешки цели на државата, членството во НАТО и добивањето на позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ.

-Добивањето на одлука за почеток за преговори со ЕУ после 15 години чекање е сериозен успех бидејќи го завршуваме конечно тој период. Одлуката е многу важна, а добивме и максимум, односно таа е безусловна и самата содржи опис за подготвување на целиот процес до оддржувањето на меѓувладината конференција, истакна Заев.

Според него, најважно во моментов е да се справиме со коронакризата, но за тоа време Република Северна Македонија не треба да бега од своите обврски, а воедно, потенцира Заев, и нашите соседи кои имаат обврски по договорите кои сме ги склучиле со цел градење на стратешкото партнерство.

MИА

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...