31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаКоронавирусот можеби е со години меѓу луѓето

Коронавирусот можеби е со години меѓу луѓето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека пандемијата на вирусот ковид-19 пустоши по целиот свет предизвикувајќи сѐ поголем број жртви, научниците се обидуваат со сигурност да утврдат од каде точно дојде вирусот САРС-ков-2.

<

Иако сѐ уште ги немаат сите одговори, вклучувајќи го и тоа во кој момент преминал на нас луѓето од животните, најнова анализа дефинивно потврди дека не станува збор за вирус кој е намерно создаден во лабораторија. Но, оваа студија понуди и некои интересни увиди во можното потекло на новиот вид коронавирус, пишува Сајенс алерт.

Студијата отвора некои интересни можности во врска со потеклото на новиот вирус. Едно од сценаријата сугерира дека веќе некое време безопасно кружел меѓу човечката популација пред да мутира и да стане опасен за луѓето и да ја предизвика пандемијата.

„Можно е првичната верзија на вирусот САРС-ков-2 да преминала на луѓето стекнувајќи со текот на времето и при неоткриени пренесувања од човек на човек нови геномски особини“, се наведува во студијата на тимот од САД, Британија и Австралија.

Експертите ги анализирале генските податоци достапни од САРС-ков-2 и други слични коронавируси и утврдиле дека некои делови од протеинот на вирусот САРС-ков-2 толку ефикасно се врзува за човечките клетки што можеле да настанат само по природен пат, а не во лабораторија.

Поради тоа што не настанал во лабораторија, научниците ги истражиле другите две одржливи хипотези кои можат да го објаснат неговото создавање: а) вирусот минал природна селекција кај животните, а потоа преминал на човекот и б) вирусот преминал од животно на човекот, но прво бил безопасен, а потоа кај луѓето минал низ природна селекција, односно промена на геномот.

„Другото сценарио е дека новиот вид коронавирус монал од животните на луѓето пред да стане опасен“, објасни директорот на американскиот Национален институт за здравје Френсис Колинс.

„Потоа, како резултат на постапни еволуциски промени во текот на години, можеби децении, вирусот станал способен да се шири од човек на човек и да предизвикува сериозна болест, па дури и опасна по животот“, додава тој.

Експертите сѐ уште не знаат која од овие две хипотези е точна и ќе треба некое време и дополнителни истражувања за да се утврди како настанал овој вирус и како станал опасен. Во меѓувреме, знаеме дека не настанал во лабораторија и дека некои од најефикасните мерки за заштита е редовното миење раце и избегнување контакт со други луѓе.

Истражувањето наречено Приближна проценка на потеклото на САРС-ков-2 е објавена во магазинот Нејчр медисин.

mkd.mk

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...