30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветВо Америка за една недела 6,6 милиони луѓе останале без работа

Во Америка за една недела 6,6 милиони луѓе останале без работа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во САД е забележана рекордна невработеност, јавуваат американските медиуми. Дури 6,6 милиони луѓе побарале надомест за невработени во изминатата недела.

<

Тоа значи дека во последните две недели речиси 10 милиони луѓе останале без работа.

Аналитичарите претходно предвидуваа дека во екот на кризата со коронавирусот, меѓу 3 и 6 милиони Американци ќе останат без работа, откако голем број работодавачи мораа да ги затворат своите компании поради пандемијата.

Се смета дека вистинската бројка е уште поголема, бидејќи многу луѓе пријавиле потешкотии со поднесувањето на барања за помош за невработени лица преку интернет.

„Њујорк тајмс“ пишува дека шокантен број на откази не ја отсликува вистинската слика на ударот на американската економија, со оглед дека многу американски работници не можат да аплицираат за надомест, а се работи за оние кои работат на половина работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои работат на договор на дело.

Најновиот број го надмина минатонеделниот рекорд од речиси 3,3 милиони нови невработени, покажуваат податоците на Министерството за труд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...