18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаСвет(ВИДЕО) Во Египет откриен „изгубен златен град“ стар 3.000 години

(ВИДЕО) Во Египет откриен „изгубен златен град“ стар 3.000 години

spot_imgspot_img

Египетските археолози во пустината во близина на Луксор открија остатоци од древен град од златното доба на фараоните за кој тврдат дека е „најголемиот“ пронајден во Египет досега. Познатиот египтолог Захи Хавас го објави откривањето на „Златниот град“ изгубен под песокот кај Луксор, во легендарната Долина на кралевите.

 

Експертите тврдат дека ова е едно од најважните откритија по ископувањето на гробот на Тутанкамон, пишува британскиот весник „Гардијан“.

„Египетската мисија, предводена од д-р Захи Хавас, го најде градот изгубен под песок. Градот е стар 3.000 години, датира уште од времето на владеењето на Аменхотеп III, а Тутанкамон и Аj продолжиле да го користат”, соопшти тимот на археолози кажа.

„Градот е стар 3.000 години, датира од времето на владеењето на Аменотеп III, а таму живееле и фараоните Тутанкамон и Аи “, рече археологот во изјавата, истакнувајќи дека ова е „најголемиот древен град“ откриен во Египет.

Бетси Брајан, професор по египетска уметност и археологија на Универзитетот Џонс Хопкинс, тврди дека ова е второто најважно археолошко откритие во Египет, по откривањето на гробот на Тутанкамон.

Пронајдени се и накит, украсена грнчарија, амајлии и исушени цигли со печатот на Аменотеп III.

„Многу странци го бараа овој град и не го најдоа“, рече Хавас.

„Многу странски мисии го бараа овој град и никогаш не го најдоа“, рече Хавас, кој исто така е поранешен министер за антиквитети.

Ископувањата започнаа во септември 2020 година помеѓу храмовите на Рамзес III и Аменотеп III во Луксор, околу 500 километри јужно од Каиро.

„По неколку недели, на големо изненадување на археолозите, градби од тули почнаа да се појавуваат во сите правци“, додаде Хавас.

По седум месеци ископувања беа откриени цели населби, административни и станбени.

„Откриен е голем град во одлична состојба, со скоро цели ѕидови и простории полни со алатки од секојдневниот живот.“

Откриени се и влезови во гробници врежани во карпите, слични на оние пронајдени во Долината на кралевите и се очекува да бидат полни со скапоцености.

Минатата недела, Египет ги пренесе мумифицираните остатоци на 18 антички кралеви и четири кралици од Египетскиот музеј во Каиро во новиот Национален музеј на египетска цивилизација во истиот град, како дел од поворката наречена „Златна парада на фараоните“.

фото: DW

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...