30.9 C
Ohrid
вторник, јули 16, 2024
ПочетнаМакедонијаВо понеделник можно е Дебар да биде ослободен од карантин.

Во понеделник можно е Дебар да биде ослободен од карантин.

Во понеделник ќе се направи конечна проценка дали е потребно продолжување на кризната состојба во двете општини, но фактот што осми ден по ред нема нов случај на заразен со коронавирус оди во прилог на одлука да не се продолжува кризната состојба
Истекоа 30. дена во кои, според одлуката на Владата, на територијата на општините Дебар и Центар Жупа беше на сила кризна состојба. Денешниот (11 април) беше последниот ден од тој период по одлуката донесена на 13 март, која стапи на сила веднаш.

Тоа значи дека де јуре во Дебар и во Центар Жупа веќе нема кризна состојба. Сепак, со оглед на полицискиот час на територијата на целата држава, завршувањето на важноста на одлуката за кризна состојба, не значи ништо во практична смисла за жителите на двете општини, барем во текот на викендов.

Дали дефинитивно во Дебар и во Центар Жупа ќе важат мерките што се применуваат и во другите општини или, сепак, ќе биде продолжена кризната состојба, ќе се знае в понеделник. Извор од Владата за „360 степени“ најавува дека тогаш ќе бидат направени последните проценки и консултации и ќе се донесе конечна одлука.

Состојбата на терен и фактот што веќе осми ден по ред нема нов случај на заразен со коронавирус од двете општини одат во прилог на одлука да не се продолжува кризната состојба.

Во моментот кога беше прогласена кризна состојба имаше 11 регистрирани случаи на ковид-19 во тој регион од вкупно 13 во целата земја. До денеска во Дебар и Центар Жупа има 49 заразени со коронавирусот од кои четворица починаа.

„360 степени“

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместен случај: Од „претепано“ бебе, до казни и стресови за медицинската сестра, на крај работата ќе заврши со „недоразбирање“

Веќе неколку денови во јавноста се врти приказната за „претепаното“ тримесечно бебе на скопската Клиника за детски болести од страна на медицинска сестра, но...

Камерите во Скопје уклучени- Први казни заработија полициски службеници !

МВР денеска објави снимки и информација дека тројца полицајци се гонат затоа што на возач наместо да му пишат казна за сообраќаен прекршок му...

Започна обединувањето на Македонците во Албанија.

Започна обединувањето на Македонците во Албанија. Прогласо на "Друштвото Преспа " го потпишат македонското друштво "Илинден" Некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, во името на Друштво...

Кај браната Градче пронајдена е мртва 26 годишна кочанчанка

Вчера во 20:13 часот во полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие Водостопанство било пријавено дека на подножјето на браната Градче било пронајдено тело на...